Архитектурата на Естонија — архитектонското наследство на нацијата, кое претставува длабок доказ за нејзината историја, од средновековните ханзеатски структури па се до нејзиниот статус како глобален лидер во дигиталните иновации. Нејзиниот главен град, Талин, е светско наследство на УНЕСКО, кое сега се гордее и со просперитетна сцена на современ дизајн.
Историја
Античка Естонија мини|Урнатини од портите на тврдината Варбола, најголемата тврдина во претхристијанска Естонија Карактеристично за раната естонска архитектура се многуте тврдини и ридски тврдини што се наоѓаат низ целата земја, на пример, тврдините Варбола и Валјала. Некои други тврдини, кои зафаќаат површини до 1,000 m² (илјада квадратни метри), и кои биле лоцирани на важни раскрсници, кои на крајот се развиле во трговски центри, како на пример Талин, Тарту и Отепа.
Готска архитектура алт=Tallinn old town, the city wall.|десно|мини|Архитектонскиот ансамбл што го сочинува средновековниот стар град Талин е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Кога католичкото христијанство било донесено во Естонија за време на Северните крстоносни војни во 13 век, тоа донело и многу промени во општеството, вклучувајќи и промени во архитектурата. Влијанијата главно доаѓале од германскоговорните области и од Скандинавија. Новата религија поттикнала изградба на цркви низ денешна Естонија, почнувајќи од 13 век. Првите цркви веројатно биле дрвени, а од нив ниту една не е зачувана. Најраните цркви што денес се зачувани биле цврсто изградени и имаат изглед сличен на тврдини, на пример црквата Валјала на островот Саарема. Мајсторството на ѕидарите и скулпторите имало значајна улога во раната црковна архитектура која што најчесто потекнувала од Готланд. Подоцна, како што христијанството станувало посилно вкоренето, биле изградени поголеми и пораскошни цркви, особено во северна Естонија во текот на 15 век. Средновековните цркви во стариот дел на Талин, како Катедралата, црквата Свети Олаф (највисоката зграда во Европа во 16 век) или црквата на Светиот Дух, служат како доказ за високо развиен готски стил на архитектура. Надвор од Талин, многу цркви биле оштетени за време на честите војни, особено Ливонската војна и Големата Северна војна, а негрижата за време на советската окупација предизвикала дополнително уништување на црквите во Естонија. Сепак, во подоцнежните години се извршени интензивни реставраторски работи, особено на Саарема и во северна Естонија сè уште можат да се најдат интересни примери на релативно добро зачувани средновековни цркви.
Крстоносците, исто така, оставиле свој белег со изградбата на голем број замоци како средство за стекнување воена и административна контрола врз земјата. Биле изградени големи комплекси на замоци, наречени замоци на редот по тевтонските и другите крстоносни редови, и помали, локални утврдувања кои не биле наменети за големи воени дејствија (познати локално како „вазални замоци“). Добри примери за поголеми замоци кои се уште постојат се замокот Херман во Нарва, замокот Тоомпеа во Талин и замокот Куресаре на Саарема. Од помалите замоци, замокот Пуртсе, кулата Киу и кулата Вао се уште постојат денес. Многу од замоците изградени во средниот век биле уништени во подоцнежните војни.
Експанзијата и развојот на естонските градови како Талин и Нарва во ханзеатски градови во текот на средниот век, исто така, го поттикнале и развојот на граѓанската архитектура. Бургерските куќи со заоблени фасади, големи предни холови, со камини и помали дневни соби станале популарни, стилот станал познат како „талинска готика“ и го прифатиле градителите на Финска, Шведска и Новгород. Други постоечки средновековни граѓански згради кои што сеуште постојат ја докажуваат важноста на Талин како значаен трговски град; Градското собрание на Талин денес е важен историски белег, како и Реаптеек (аптека на градското собрание) и зградите на поранешните еснафи во Талин, т.е. Големиот еснаф (1410), Еснафот на Свети Олаф (1422) и подоцнежното Братство на црните глави (околу 1597). Извонредно зачуваниот градски ѕид на Талин е исто така од овој период. Сѐ на сѐ, стариот град на Талин е еден од најдобрите зачувани средновековни архитектонски ансамбли во светот, и е наведен како едно од местата на светското наследство на УНЕСКО од 1997 година.
Tallest structures of Tallinn Old Town nowadays: The three tallest are medieval churches of St. Olaf's Church, St. Nicholas Church, and St. Mary's Cathedral, Tallinn
Трите највисоки градби во Стариот град Талин до ден-денес се средновековните цркви „Свети Олаф“, „Свети Никола“ и „Катедралата „Света Марија“ во Талин.
Барок и рококо Барокната и рококовата архитектурата во Естонија е претставена главно преку згради изградени од руската царска администрација и локалната аристократија. Најубавиот пример што се уште постои е палатата Кадриорг, во барокен стил на Петр. Пред Втората светска војна, замокот Полцамаа бил невообичаен убав пример за рококовата архитектура во Естонија, замокот бил уништен за време на војната и останале само урнатини.
Уште од Северните крстоносни војни и воспоставувањето на германскотоговорно балтичко благородништво како земјопоседничка класа, руралниот дел на Естонија се карактеризирал со манорален систем наметнат од горните класи. Од барокот па наваму, голем број на манорни куќи преживеале и придонесувале кон архитектонското наследство на Естонија. Руралниот дел на Естонија задржува околу 2000 историски манорни куќи, каде многу од нив се во барокни и рококови стилови, на пример манорните куќи Сауе, Палмсе или Веана, кои исто така претставуваат и низа стилови од необарокни и неокласицистички до тјудорски.
Класицизам Центар на зачуваната неокласицистичка архитектура е Тарту, Градското собрание и околните згради од 18 век. Главната зграда на Универзитетот во Тарту (1803–09) е пример за висок класицизам. Архитектурата на дворците продолжувала да доминира во руралните средини, со дворци како што се Саку, Куремаа и Суре-Копу кои го отелотворуваат стилот. Некои значајни резиденции се изградени и во Талин, на пример Стенбок Хаус и зградата на улицата Кохту 8 (архитект Карл Лудвиг Енгел, денес дом на естонскиот канцелар за правда ), каде и двете се наоѓале на ридот Тоомпеа.
Архитектура кон крајот на 19 век Како и во остатокот од Европа, крајот на 19 век било време на архитектонско експериментирање во Естонија. Различни видови на историцизми и еклектицизми станале вообичаени. Неоготскиот стил станал популарен, како што може да се види во имотите на Алатскиви или Сангасте.
На крај, влијанијата од југендстил стигнале и до Естонија. Главните извори за инспирација била делумно живата сцена во Рига и финскиот национален романтизам. Се претпоставува дека најпознатиот архитект кој работел во југендстил во Естонија бил Жак Розенбаум.
Катедралата „Александар Невски“ во Талин е пример за руски преродбенски стил од 19 век, кога Естонија била губернија на Руската империја.
20 век Центарот на градот Силаме, претставува значаен пример за сталинистичката архитектура во Естонија.
Галерија
Современа архитектура
Поврзано Естонски музеј на архитектура
Наводи
Архитектура запис на Estonica.org
Категорија:Естонска уметност Категорија:Естонска архитектура