десно|мини|250x250пкс|Густина на еврејската населба во Руската империја во 1905 годинадесно|мини|350x350пкс|Хебрејскиот текст на оваа карта ни покажува дека црвената линија е главната граница помеѓу источните (жолти) и западните (зелени) јидишни дијалекти, црвените линии со цртички се секундарни граници помеѓу локалните дијалекти, додека испрекинатата црвена линија се модерните државни граници. Линијата со цртички на исток го означува Бледот на населувањето.Изразот источноевропско еврејство може да се однесува на денешните политички поделби на источноевропските земји или на еврејските заедници во Русија и Полска.

Фразата „источноевропски Евреи“ или „Евреи од Истокот“ (од германски: Ostjuden) се употребувала во текот на 20-от век во Германското Царство и во западните покраини на Австроунгарија, со цел да се разликуваат асимилираните Евреи во Средна Европа од оние Евреи што живееле на Исток.

Станува збор за второто значење на концептот на источноевропско еврејство — еврејски групи што живееле во Полска, Украина, Белорусија, Латвија, Литванија, Естонија, Русија, Романија, Унгарија и денешна Молдавија во колективни населба (од хебрејски: Кибуц- קיבוץ), од кои многумина зборувале јидиш.

На почетокот на 20-от век, во Источна Европа живееле над шест милиони Евреи. Тие биле организирани во поголеми и помали заедници, живеејќи во големи градови, како што е Варшава (со население од околу 300.000 Евреи), но и во мали градови со население од само десетици до стотици Евреи.

Пред 18 век десно|мини|363x363пкс|Полски Евреи во типична облека - 17 век (горе), 18 век (долу) На почетокот на 16 век, бројот на Евреи кои што живееле во Источна Европа се движел помеѓу 10.000 до 30.000. Во делови од Источна Европа, пред доаѓањето на ашкеназиските Евреи од Средна Европа, биле присутни некои неашкеназиски Евреи кои зборувале лешон кнаан и оддржувале разни неашкеназиски традиции и обичаи.Israel Bartal, "The Eastern European Jews Prior to the Arrival of the Ashkenazim", The Israel Academy of Sciences and Humanities, May 29th, 2016. In parts of Eastern Europe, before the arrival of the Ashkenazi Jews from Central Europe, some non-Ashkenazi Jews were present who spoke Leshon Knaan and held various other non-Ashkenazi traditions and customs.

Уште на почетокот на 17 век, се знаело дека во градовите на Литванија живееле Евреи кои зборувале „руски“ (од хебрејски: ) и не го познавале „ашкеназскиот јазик“, т.е. германско-јидишниот.

Во 1966 година, историчарот Сесил Рот го довел до прашање вклучувањето и инклузицијата на сите Евреи што зборувале јидиш како ашкенази по потекло, сугерирајќи дека по пристигнувањето на ашкеназиските Евреи од Средна Европа во Источна Европа, од средниот век до 16 век, таму веќе имало значителен број Евреи кои подоцна ја напуштиле својата матична култура во корист на ашкеназиската култура.Edgar C. Polomé, Werner Winter, Reconstructing Languages and Cultures, Walter de Gruyter, 2011-06-24, .

Сепак, според поновите истражувања, се случувале масовни миграции на ашкеназиски Евреи кои зборувале на јидиш, во Источна Европа од запад, кои што се зголемувале поради високата стапка на наталитет и ги апсорбирале и/или во голема мера ги замениле претходните неашкеназиски еврејски групи од Источна Европа (демографот Серхио Дела Пергола проценува дека бројот на вторите групи бил помал).

Во средината на 18 век, бројот на Евреи се зголемил за околу 750.000. Во овој период само една третина од источноевропските Евреи живееле во области со полјаци (полско население). Останатите Евреи живееле меѓу други народи, главно во украинските и руско-литванските места.

Бројното зголемување било резултат на масовната миграција на ашкеназиските Евреи кои зборувале јидиш од Средна Европа во Источна Европа, почнувајќи од средниот век до 16 век, вклучувајќи ја и високата стапка на наталитет кај овие имигранти како уштеден фактор.

Генетските докази, исто така, ни укажуваат дека источноевропските Евреи што зборувале јидиш во голема мера потекнуваат од ашкеназиските Евреи кои мигрирале од Средна Европа којшто последователно ја доживеале и високата стапка на наталитетот и генетската изолација.

Во средината на 18 век, две третини од еврејското население во Источна Европа живеело во градови или помали урбани средини, а една третина од него живеело во села — феномен што редок во Западна Европа. Во секое село каде што живееле Евреи, во просек имало само две еврејски семејства, а секое семејство обично се состоело од не повеќе од десет Евреи.

Во повеќето урбани средини во кои што живееле, еврејското население во просек сочинувало половина од бројот на жители. Оттука следува дека во многу градови имало еврејско мнозинство.

Оваа реалност се интензивираше со текот на годините, со зголемување на процентот на Евреи во градовите и помалите урабни средини, на тој начин се создал феноменот „shtetl“ — „еврејскиот град“, од кој голем дел беше еврејски, чиј еврејски културен карактер бил истакнат.

Економија и трговија Евреите главно се занимавале со трговија и разни занаети, како што се кроењето, ткаењето, преработка на кожа, па дури и земјоделството. Економската активност на источноевропските Евреи била различна од онаа на средноевропските и западноевропските Евреи, бидејќи тие се специјализирале во трговијата, изнајмување и занаетите, кои тешко се наоѓале во Западна Европа. Покрај тоа, источноевропските Евреи честопати биле вклучени во економски прашања со кои Евреите во Централна и Западна Европа воопшто не се занимавале.

До средината на 17 век, кога се случиле козачките немири врз еврејското население во 1648 година, источноевропските Евреи живееле во релативно удобни средини што им овозможувало забрзано да напредуваат. Евреите, во најголем дел, уживале голема економска, лична и верска слобода.

Така, на пример, депортациите, конфискацијата на еврејскиот имот и поништувањето на долговите што нeeвреите ги имале кон Евреите, кои биле вообичаени во Западна Европа, речиси и не постоеле на Исток.

И покрај привилегиите, постоела и голема омраза кон Евреите. Според зборовите на еврејскиот мудрец Шломо Мајмон:

„Можно е да не постои друга земја освен Полска, каде што слободата на религијата и омразата кон религијата се наоѓаат во еднаква мера. На Евреите им е дозволено да ја зачуваат својата религија со апсолутна слобода, а останатите граѓански права им се доделени, па дури имаат и свои судови. И спротивно на тоа, ќе откриете дека религиозната омраза е толку голема таму до степен на таа работа, што зборот „Евреин“ е гнасен.“

Традиционален живот Обемот на изучување на Тората меѓу источноевропските Евреи на почетокот на нивното населување бил мал. Како резултат на тоа, многу халахистички прашања и проблеми биле упатувани до рабините и изучувачи на Тората во Германија и Бохемија.

Од 16 век, во Источна Европа биле основани луксузни студиски центри, каде што почнало да се развива и хасидското движење.

Социјална структура Еврејската општествена структура во Источна Европа била изградена од заедници, и од средината на 16 век па се до 1764 година, во Источна Европа функционирале централните институции, вклучувајќи ги и комуналните. Двете главни институции биле Комитетот на четирите држави и Литванскиот државен совет. Улогата на комитетите била да собираат даноци од еврејските заедници и да ги доставуваат до властите.

Подоцна тие ја презеле обврската да ја претставуваат еврејската заедница пред странските владетели. Покрај тоа, комитетот имал и судска власт над внатрешните закони и Халахот во рамките на еврејските заедници.

Советот на четирите држави била највисоката институција меѓу комитетите. Комитетот бил составен од седум рабински судии, а на чело секогаш стоел некој претставник на лублинската заедница. Другите членови од комитетот биле претставници на градовите Познањ, Краков и Лвов.

Историските документи што го носат потписот на Комитетот докажуваат дека во одредени периоди комитетот бил проширен за да ги претставува сите важни заедници во кралството, и поради тоа, бројот на претставниците се приближил до триесет.

На почетокот, комитетот се состанувал во Лублин, давајќи му на градот статус на врвен еврејски центар. Конференцијата, која траела околу две недели, се одржувала еднаш годишно во текот на зимата, кога се координирал најголемиот трговски саем во градот. Во подоцнежниот период, конференцијата се одржувала двапати годишно: зимскиот собир во Лублин и летната конференција во градот Јарослав, Галиција.

Од крајот на 18 век до почетокот на 20 век Кон крајот на 18 век, Евреите од Источна Европа биле поделени на два главни географски региони: населба контролирана од Руската Империја и Галицијата која што била под контрола на Австроунгарија.

Населбата Трите поделби на Полска (прво во 1772 година, потоа во 1793 година и конечно во 1795 година) го оставиле поголемиот дел од полското еврејство под власта на Руската империја. Руската влада се покажала како помалку толерантна кон Евреите, а на Евреите им биле наметнати повеќе ограничувања.

Во 1791 година, царицата Екатерина Велика го основала регионот на населбата („Мошав“) во западните периферии на империјата, каде што само на Евреите им било дозволено да живеат.

Мошавот ги вклучувал поголемиот дел од поранешните територии на Полска и Литванија, во кои имало концентрирано еврејско население. Ограничувањето на тие граници довело до етничко чистење на Евреите од Москва и Санкт Петербург кон источната граница на земјата, што била една од главните цели на властите. Подоцна, на Евреите од Киев им било забрането да живеат во својот град, иако самиот Киев бил вклучен во „регионот на населбата“.

На почетокот на 20 век, во царска Русија живееле повеќе од пет милиони Евреи, при што 90% од нив биле концентрирани во регионот на населбата, а околу три милиони Евреи живееле во поранешните граници на Полска. Според различните проценки, источноевропското еврејство сочинувало 80% од светското еврејство на почетокот на 20 век.

Галиција Друга голема еврејска заедница во Источна Европа била Галиција — територијата што ѝ била дадена на Австрија при делбата на Полска. Кон крајот на 19 век, царот Франц Јосиф имал намера да ги „акултурира“ Евреите со воспоставување мрежа на училишта за општи студии. Некои Евреи ја поддржувале оваа идеја, но повеќето од нив се спротивставувале на неа.

Евреите во Галиција биле познати по својата религиозна побожност и се бореле жестоко против просветителството и обидите за нивната културна „асимилација“. Исто така, имало остра конфронтација меѓу поддржувачите на хасидизмот и оние што се противеле на него (миснагдим). На крајот, хасидизмот победил и станал доминантно движење меѓу Евреите од Галиција.

Во 1867 година, на Евреите од Галиција им била дадена целосна еднаквост и со тоа тие биле меѓу првите Евреи од Источна Европа кои биле еманципирани. Ционистичкото движење цветало во Галиција.

Во текот на 19 век и почетокот на 20 век, пред Првата светска војна, еврејската заедница цветала во Галиција. Таму биле објавени голем број на книги и песни, каде многу мудреци од Тората биле ангажирани токму во тоа, а се појавил и ционизмот и културата на јидиш.

На почетокот на 20 век, бројот на Евреи во Галиција достигнал над 800.000.

Антисемитизам Во Швајцарија, антисемитизмот во годините помеѓу Првата и Втората светска војна бил главно насочен кон таканаречените Остјудени, кои биле сметани за носители на туѓата мода и туѓата култура. Всушност, Остјудените биле експлицитно спомнати од Хајнрих Ротмунд —началник на швајцарската федерална полиција за странци:

...на крајот на краиштата, ние не сме толку ужасни чудовишта. Но, не си дозволуваме некој да нè гази, особено источните Евреи, кои, како што добро познавате, се обидуваат да го направат токму тоа. Тие мислат дека правата линија е крива, но нашиот став е до некаде во согласност со швајцарскиот народ.“