Санкт Петербуршка духавна академија е една од најстарите и најпрестижни високи богословски школи во Русија и воопшто во православниот свет.

Историја Санкт Петербуршка духовна академија има корени уште од 1721 година, кога при Александро-Невската лавра била основана Славјанска школа по иницијатива на Петар Велики. Во 1797 година таа се преобразила во Славјано-греко-латинска семинарија, која постепено прераснала во духовна академија. Во XIX век академијата станала еден од најважните центри на богословската мисла во Руската империја, со катедри по догматика, библистика, литургика и црковна историја, и привлекувала студенти од различни православни земји, меѓу кои и од Балканот.

По Октомвриската револуција во 1917 година академијата била затворена, а многу професори и студенти претрпеле репресии. По Втората светска војна, во 1946 година, таа повторно била отворена во Ленинград и продолжила да функционира како центар за духовно образование во услови на ограничувања. Денес академијата е дел од Санкт Петербуршките духовни училишта, со семинарија и богословски програми, и останува значајна институција за православното образование и култура.

Категорија:Православни училишта