Долна Козлуџа (, Като Кариофито; до 1928 г. Κοζλούτσα, Козлуца) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 37 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа северозападно од Крстополе и Скеча, во падините на Западните Родопи, под врвот Амбар Каја (1.441 м), на надморска височина од 540 м.

Историја

Во XIX век Долна Козлуџа било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото е евидентирано заедно со Горно Козлуџа со 825 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 812 лица.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 143 бегалски семејства (вкупно 627 бегалци) од Источна Тракија и Трабзон (Понд), така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1928 г. селото е преименувано во Кариофито (Καρυόφυτο). Козлуџа била укината во 1940 г. и поделена на Горна и Долна Козлуџа.

Стопанство Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на сточарството.

Население

Наводи

Забелешки

Категорија:Скеча (општина)