Белдокс — меѓународен документарен филмски фестивал што се одржува во Белград, Србија.
Основан во 2008 година, фестивалот се состои од четири натпреварувачки програми (српска, меѓународна, најдобар краток филм и тинејџерски), со над сто филмови, десетици светски и регионални премиери, две ретроспективи и програма „Земја во фокус“. Се одржува секоја година во месец мај.
Во 2024 година, Белдокс се одржа во Белградскиот младински центар, Арт киното на Заводот Илија М. Коларац, Југословенскиот филмски архив, Cineplexx Ушќе, Културниот центар Влада Дивљан и Културниот центар Белград. На него беа прикажани најголем број филмови досега.
Наводи
Надворешни врски Beldocs Film Festival Beldocs 2021 Beldocs 2020
Категорија:Белград Категорија:Филмски фестивали во Србија