Охридски кочеџик или Охридска копривка — дрво и природна реткост од јужна копривка (Celtis australis) кое се наоѓа во средишното градско подрачје на Охрид, во дворот на црквата „Пресвета Богородица Севидна“. Називот на природната реткост е Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Со ова дрво со статус на природна реткост управува Општина Охрид, а во име на општината, градоначалникот на Општина Охрид.

Местоположба Дрвото се наоѓа во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Поради својата местоположба на ридот Дебој, овој простор служи како природен видиковец од кој се пружа панорамски поглед кон езерото, пристаништето и својствентата охридска архитектура.

Опис Крошната е широко распространета, густа и со топчест до чадорест облик. Самото дрво е високо 15,0 м, стеблото е кратко пред да почне разгранувањето. Обемот на крошната е 10 до 12, а на стеблото 3-4 метра.

Кората на дрвото е мазна и сива, слична на онаа кај буката, но избраздена со специфични „брадавичести“ испапчувања што е случај кај стари дрва.

Старост Дрвото во 1886 година го засадил учителот Никола Чудов во чест на 1000-годишнината од упокојувањето на првоучителот Методиј.

Во 1986-та година, во чест на 1100-годишнината од смртта на првоучителот и 100-годишнината од засадувањето на кочеџикот била поставена мермерна плоча со песна на Никола Чудо: „Цел ден те баравме тебе, одвај те најдовме, тука ќе те засадиме со вода ќе те полеваме, те засадивме со надеж чувствата да ни ги распламтиш, како очите ќе те чуваме, вечно ќе се сеќаваме за споменот илјдалетен на јубилејот од Методиј!“. Во 2021 година била возобновена спомен-плочата покрај дрвото, која го потврдува неговото садење од страна на Никола Чудо во 1886 година.Во Охрид поставена спомен-плочата посветена на Никола Исаија Чудов

Состојба на кочеџикот Дрвото е витално и во добра состојба.

Галерија

Поврзано Црква „Пресвета Богородица Севидна“ - Охрид Список на природни реткости во Македонија

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Поединечни дрва во Македонија Категорија:Охрид Категорија:Природни реткости во Македонија Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Охрид Категорија:Појавено во 1886 година во Македонија