Neatostema е монотипски род на цветни растенија што припаѓаат на семејството Boraginaceae. Единствениот вид е Neatostema apulum, кој расте и во Македонија.
Неговиот домороден опсег се Канарските Острови, Медитеранот до Северниот Арапски Полуостров.
Опис Едногодишни тревести растенија препокриени со тврди четинести влакна. Стеблото вертикално, неразгрането или разгрането. Венчето жолто, во отворот на венечната трубичка присутен е прстен од 5 снопчиња од влакна. Прашниците покуси од венчето, прикрепени речиси во основата на венечната трубичка. Плодот се распаѓа на 4 светлокафеави оревчиња со брадавичести израстоци.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 83, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа