мини|Lithospermum officinale Lithospermum officinale е цветен вид на растение од семејството Boraginaceae, по потекло од Евроазија. Тоа е растение домаќин на гасениците на монофагичниот молец Ethmia dodecea.Åberg A. 2015. Could Lithospermum officinale be bird-dispersed? A greenhouse experiment. MSc Thesis, Uppsala.
Опис Lithospermum officinale е исправено, пердувесто повеќегодишно растение кое расте до 60-80 см во висина. Листовите без стебло, копјести, растат до 10 см во должина и се силно обележани со странични вени во долниот дел.
Зеленикаво-белите цветови во облик на инка, кои се појавуваат од јуни до јули, и со пречник од 3-4 мм, а распоредени се во кратки, густи соцветија во рамките на лисните оски. Кога се во плод, соцветијата формираат издолжена пупка во облик на V. Плодовите се состојат од 4 сјајни бели оревчиња кои се долги 3-4 мм и траат до зима.
Живеалиште и распространетост Растението е многу широко распространето низ Европа и Азија. Локално е честа појава во Велика Британија, каде што е многу поретко на север и запад од земјата. Преферираното живеалиште вклучува тревни површини, грмушести површини и отворени шуми, обично на почви богати со бази и варовнички.
Во Македонија е познат за Мавровско, село Маврово, село Никифорово, Мавровска Река, клисурата на реката Радика, село Сенце, село Јанче, Кораб, Дебарско, клисурата на Црн Дрим, Галичица, Велгошти, Алшар, Кожуф, Битола, Струмица, Крива Паланка, Скопје, Сарај, Скопска Црна Гора.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 82-83, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Во културата и човечка употреба Сите делови од растението традиционално се користат како природен медицински лек за разни заболувања. На пример, во Индија, листовите некогаш се користеле како седатив, додека семето се користело како диуретик, литотритичен, антипиретик, антигихт, антиовуларен и антитоксичен агенс, како и антиинфламаторно средство за заболувања на уринарниот тракт и за поттикнување на варењето на храната. Билен чај направен од коренот и стеблото, или лушпа од корените и гранчињата некогаш се давал во форма на сируп за лекување на сипаници и мали сипаници.
Археолошките наоди од гробишта во Полска откриле гипсена облога што ги содржи оревчињата од L. officinale. Се покажало дека растението е моќно природно антиинфламаторно и ефикасно средство за заздравување на изгореници кога се нанесува локално, што го објаснува присуството на овој вид во откриената облога.
L. officinale, исто така, се чини дека имал важна козметичка и украсна вредност. На пример, корените некогаш се користеле за боење влакна, и за производство на боја за шминкање. Пронајдени се залепени плодови на две дрвени садови во гробниците Јангхаи во Синџијанг, Кина, од пред околу 2.500 години. Овие оревчиња веројатно имале декоративна вредност. Нивниот сјаен, порцелански изглед, како и нивната цврстина, ги направиле погодни и популарни за употреба како монистра во Бугарија и Средна Европа уште во неолитскиот период.
Наводи
Надворешни врски
USDA Plants Profile
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на САД Категорија:Флора на Канада Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија