Ризово (, Ризо; книжевно: Ριζόν, Ризон; до 1926 година: Ρίζοβον, РизовонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρίζοβον -- Ριζό) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на јужно од градот Вртикоп, сред самото пространо поле, на надморска височина од 50 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10 квадратни километри.
Сместено е во областа Сланица, на околу 18 километри југоисточно од градот Воден, во североисточното подножје на планината Каракамен.
Низ селото минува главниот пат од градовите Бер и Негуш за Вртикоп и Воден.
Историја
До 1924 година, селото било населено исклучително со македонско население.
Во 1924 година, грчките власти започнале со населување на поголем број грчки бегалски семејства од Понд. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 86 бегалски семејства со вкупно 382 жители.
Во 1926 година селото добило ново име, Ризо (Ριζό).
Стопанство
Денес, главно занимање на селаните е овоштарството. Подигнати се големи плантажи со праски и јаболка, но во помали количества се произведуваат и жито, памук и детелина, потребна за исхрана на кравите кои, исто така, се одгледуваат во сè поголем број.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ризово (Rizovo) е село во Воденската Каза на Отоманското Царство со 34 куќи со вкупно 155 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години во Ризово (Ρίζοβο) имало 6 семејства христијани.Σχινάς, Νικόλαος. Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители Македонци.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 149. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ризово (Rizovo) имало 120 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190 - 191.
Во 1910 година во селото (Ρίζοβον) имало 75 жители христијани и 495 муслимани.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
Во 1920 година, Ризово било посочено со 1 турска куќа и 4 куќи на Роми-муслимани.Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βοδενών 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 77 жители (од кои 40 мажи и 37 жени), а во 1920 година со 218 жители. Грчките власти во 1924 година тука населиле поголем број бегалски семејства од Понд со вкупно 165 бегалци, така што селото станала мешана населба која во 1928 година била забележана со 449 жители. Во 1940 година, Ризово имало 640 жители (од кои 240 Македонци и 400 бегалци), во 1951 година поради Граѓанската војна бројот на жителите опаднал на 594, додека во 1961 година се искачил на 830. Во 1971 година, селото имало 968, во 1981 година 921, а во 1991 година 1.013 жители. Покачувањето на бројот на жителите на Ризово се должело на големиот просперитет, бидејќи селото е доста богато благодарение на фактот што се наоѓа во поле и земјиштето кое е многу плодно, целосно се наводнува.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.081 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.012 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ризово, во кој е единствено село.
Наводи
Белешки
Категорија:Вртикоп