Дреново или Дренова (, Аерико; до 1928 г. Δρένοβα) — поранешно село во Скечанско, Западна Тракија, на територијата на денешната општина Скеча во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија Селото се наоѓало северозападно од Скеча и Саришабан, југоисточно од селото Бук, во подножјето на планината Урвил, на надморска височина од 470 м.

Историја

Во XIX век Дреново било турско село во Саришабанската Каза на Драмскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дренова имало 400 Турци кои живееле во 100 куќи. Во тоа време, Дреново, заедно со уште три околни села, било управувано директно од кајмакамот во Саришабан.

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 238 жители, кои во 1920 г. се свеле на 201 лице.

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се населиле помал број бегалски семејства. Нивниот број во 1928 г. изнесувал само 22 лица, но и тие малку подоцна се иселиле поради неповолните услови за живот, поради што селото не се споменува во понатамошните пописи.

Наводи

Забелешки

Категорија:Историски села во Скеча