Брук Дион Нелсон Нортон-Кафи (роден на 12 јануари 2004, во Пимлико) — англиски фудбалер, играч од одбраната на и на англиската репрезентација под 21 година.

Клупска кариера Арсенал и различни позајмици Својата кариера ја започнал во , пред да се приклучи на на десетгодишна возраст и да го потпише својот прв професионален договор на 21 јануари 2021 година.

На 18 јануари 2022 година, тој се приклучил на Линколн Сити на позајмица до крајот на сезоната. Своето деби како професионален фудбалер го имал влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот против во Лига Еден на 22 јануари 2022 година. Тој го постигнал својот прв гол во кариерата против на 5 март 2022 година.

На 22 август 2022 година, тој се приклучил на во Чемпионшип на позајмица до крајот на сезоната. Своето деби за клубот го направил на 27 август 2022 година, во победата од 2-0 над Бирмингем Сити. Во јануари 2023 година, тој бил повикан назад од Арсенал и позајмен повторно, сега на во истата лига, каде одиграл 24 натпревари во првенството.

На 24 август 2023 година, тој бил испратен на нова позајмица, овојпат во до крајот на сезоната 2023-2024. Дебитирал со дресот на „лавовите“ на 26 август 2023 година, во првиот натпревар од првенството против Стоук Сити, добиен со 1-0. На 11 ноември 2023 година, тој го постигнал својот прв гол за Милвол во победата од 4-0 против Шефилд Венздеј. Во Милвол, Нортон-Кафи одиграл многу позитивна сезона како стартер забележувајќи 40 настапи и два гола во првенството.

Џенова и Хал Сити По неколкуте позајмици, на 14 август 2024 година, Арсенал трајно го продал Нортон-Кафи на италијанската екипа од Серија А, . Своето деби за „грифоните“, а воедно и во Серија А, го имал на 5 октомври во поразот со 5-1 на гостувањето кај , заменувајќи го Арон Мартин во 81-вата минута.

На 8 декември 2025, тој го постигнал својот прв гол за Џенова, победничкиот во успехот со 1-2 на гости против Удинезе.

На 1 септември 2026 година, Нортон-Кафи потпишал за во зделка вредна 14 милиони евра, при што Коди Драме се преселил во спротивна насока.

Репрезентативна кариера Роден во Англија со доминиканско потекло, тој ја претставувал Англија во селекциите под 16 и под 18 години, додека во март 2022 го имал и своето деби за репрезентацијата под 19 години во победата со 3-1 против Ирска.

На 17 јуни 2022 година, тој бил вклучен во составот на Англија за Европското првенство под 19 години 2022, каде настапил во сите натпревари вклучително и финалето во кое тие го победиле Израел со 3-1.

На 22 март 2023 година, тој го имал своето деби за репрезентацијата под 20 години во победата од 2–0 против Германија во Манчестер. На 10 мај 2023 година, тој бил избран во составот на репрезентацијата за Светското првенство под 20 години 2023. Сепак, тој и се приклучил на репрезентацијата дури по групната фаза, поради учеството на Ковентри во плејофот за промоција. Неговиот единствен настап на турнирот бил во поразот од Италија во осминафиналето.

На 16 октомври 2023 година, тој го имал своето деби за репрезентацијата под 21 година, во поразот со 3-2 од Украина во Кошице. Во јуни 2025, тој бил избран од селекторот Ли Карсли за Европското првенство под 21 година во Словачка. Тој забележал пет настапи на турнирот (сите како замена), на кој Англија ја одбранила титулата од претходното првенство совладувајќи ја Германија во финалето со 3-2 по продолженија.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 март 2026. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол јан.-јун. 2022 Линколн Сити ФЛ1 17 1 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - ТФЛ 0 0 17 1 2022-gen. 2023 ФЛЧ 20 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 21 0 јан.-јун. 2023 ФЛЧ 24 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 24 0 2023-2024 ФЛЧ 40 2 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 40 2 2024-2025 А 14 0 КИ 0 0 - - - - - - 14 0 2025-2026 А 26 2 КИ 2 0 - - - - - - 28 2Вкупно Џенова 40 2 2 0 - - - - 42 2Вкупно во кариерата 141 5 3 0 - - 0 0 144 5

Титули Англија под 19 години Европско првенство за играчи под 19 години : 1 2022

Англија под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : 1 2025

Наводи

Надворешни врски

Брук Нортон-Кафи на soccerway Брук Нортон-Кафи на transfermarkt Брук Нортон-Кафи на espn Брук Нортон-Кафи на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Фудбалери на ФК Милвол Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Хал Сити Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 2004 година