Џовани Росо (роден на 17 ноември 1972 година, во Сплит) — хрватски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија Роден во Сплит, Хрватска, тој има италијански корени. Бидејќи најголемиот дел од својата кариера го поминал во Израел, течно зборува хебрејски јазик и има израелско државјанство.

Росо учествувал во изралескиот ријалити-програм наречен HaMerotz LaMillion 2 („Неверојатната трка: Израел“) сниман во Дубровник. Во 2019 година учествувал и победил во израелскиот Survivor.

Клупска кариера Својата кариера ја започнал во татковината во раните 1990-тите години, играјќи за екипите на Задар и Загреб. Во 1997 година се преселил во Израел, каде уживал голем успех и слава. Играл за пет израелски клубови: Хапоел Бершева, Хапоел Хаифа, Беитар Ерусалим, Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив. Освоил 4 израелски првенства, едно со Хапоел Хаифа (1998-1999) и три со Макаби Хаифа (2001–2002, 2003–2004, 2004–2005) и два купа на земјата со Хапоел Бершева (1997) и Макаби Хаифа (2002). Исто така, со Макаби Хаифа играл и во Лигата на шампионите во сезоната 2002-2003, покрај другите и против . Признат е како еден од најдобрите странски играчи кои играле во израелското првенство и двапати (1999 и 2002) ја понел наградата за Фудбалер на годината во Израел. По 12 години во Израел, тој се вратил во Хрватска каде ја завршил својата кариера во родниот град носејќи го дресот на Хајдук, за кој одиграл само 4 натпревари како резултат на бројни проблеми со повреди.

Репрезентативна кариера За хрватската репрезентација дебитирал во ноември 2002 година, во пријателски натпревар против Романија. Репрезентативниот дрес го носел во 19 натпревари, на кој постигнал и еден гол. Учествувал на Европското првенство 2004, каде го одиграл и својот последен репрезентативен натпревар во групната фаза против Англија во Лисабон.

Хронологија на репрезетнативните настапи

Титули Клупски Хапоел Бершева Куп на Израел : 1 1997

Хапоел Хаифа Израелско првенство : 1 1998-1999

Макаби Хаифа Израелско првенство : 3 2001-2002, 2003-2004, 2004-2005 Тото куп : 1 2001-2002

Индивидуални Фудбалер на годината во Израел: 1998-1999, 2001-2002

Наводи

Надворешни врски

Џовани Росо на soccerway Џовани Росо на transfermarkt Џовани Росо на espn Џовани Росо на worldfootball

Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на НК Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Беитар Ерусалим Категорија:Фудбалери на ФК Макаби Хаифа Категорија:Фудбалери на ФК Макаби Тел Авив Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Родени во 1972 година