Притаено зло () — американски филм на ужасите, кој моментално се наоѓа во фаза на постпроизводство. Претставува втора обнова во истоимениот филмски серијал, заснован на медиумската франшиза Resident Evil на компанијата Capcom. Како главни продуценти што раководат со производството се јавуваат Роберт Кулцер и Рој Ли од компаниите Constantin Film и Vertigo Entertainment. За режисер бил ангажиран Зак Крегер, кој исто така го напишал сценариото во соавторство со Шеј Хатен. Во главните улоги настапуваат Остин Абрамс, Пол Волтер Хаузер, Зак Чери, Кали Рејс и Џоно Вилсон.

Плановите за уште еден проект обнова започнале во почетокот на 2022 г. по неуспехот на филмот „Почеток на притаено зло: Ракун Сити“ (2021), по што следело и откажување на телевизиската серија на Netflix. Оттогаш се дискутирало за иднината на филмскиот серијал, кога поранешниот претседател на Constantin Film, Мартин Мошкович, објавил дека продуцентите имаат планови за идни филмови и нова ТВ-серија. До 2023 г., неколку медиуми известиле за грант во износ од 2 милиони канадски долари од Фондот за наследство на Северно Онтарио за производство на филм под наслов „Притаено зло: Хрониките на Амбрела“, а Крегер бил забележан од страна на Sony во средината на 2024 г. Проектот бил официјално пуштен во производство во јануари 2025 г. од страна на студиото Constantin Film во соработка со PlayStation Productions. Снимањето започнало во октомври 2025 г.

Премиерата на филмот е планирана за 18 септември 2026 г., а во Македонија за 17 септември истата година.

Улоги

| Остин Абрамс || Брајан |- | Пол Волтер Хаузер || Карл |- | Зак Чери || Дејв |- | Кали Рејс || Полин |- | Џоно Вилсон || Макс

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на Columbia Pictures Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Филмови за вируси