Abies beshanzuensis — вид зимзелено дрво од родот ели (Abies), семејството борови (Pinaceae), ендемско дрво кое расте на југот од покраината Џеџјианг во Кина.

Овој вид расте на надморска височина над 1850 метри и е откриен во 1963 година на врвот Баишанѕу (1857 м). Наведен е како критично загрозен вид на Црвениот список на МСЗП.

Намалувањето на бројот на овој вид било предизвикано од уништување на шумите поради земјоделие. Во 1963 година, на Баишанѕу имало 7 единки на надморска височина од 1.857 м, од кои три биле преместени во Ботаничката градина во Пекинг каде што овенале. Во 1988 година, само три дрвја останале во дивината.

Расте до 30 метри во висина.

Подвидови Abies beshanzuensis var. beshanzuensis Abies beshanzuensis var. ziyuanensis (LK Fu & SL Mo) LK Fu & N. Li

Наводи

Надворешни врски

American Conifer Society, Abies beshanzuensis (Baishan fir) Alchetron Abies beshanzuensis

Категорија:Ела Категорија:Ендемска флора на Кина