Terraria — акционо-авантуристичка игра од типот песочник, развиена од американското студио Re-Logic. Била објавена во 2011 г. за сметачи со Microsoft Windows преку системот за дигитална распределба Steam. По објавувањето, Terraria била портирана на други оперативни системи за лични сметачи и мобилни уреди, како и на играчки конзоли. Компанијата Codeglue ја издала играта за мобилни уреди, додека 505 Games, Spike Chunsoft и Pipeworks Software ја издале за конзоли. Студиото Spike Chunsoft ја локализирало играта во Јапонија, а Headup Games во Германија.

Играта, развиена со користење на алатките Microsoft XNA, на играчот му дава процедурно генериран и променлив двомерен свет. Покрај собирањето ресурси и изградбата на објекти, во играчкиот процес на Terraria големо внимание се посветува и на истражувањето на светот, потрагата по богатства и борбите со непријателите.

Terraria добила многубројни потврдни оцени од играчкиот печат. Критичарите ја пофалиле можноста за повторно играње, големиот број предмети и суштества, што го прави истражувањето на светот уште поинтересно. Освен тоа, тие ја пофалиле двомерната графика, слична на видеоигрите од епохата на 16-битната конзола SNES, како и музиката во чиптјун-стил. Играчките списанија честопати го споредувале играчкиот процес на Terraria со Minecraft. Terraria постигнала огромен трговски успех: заклучно со 2024 г., на сите платформи се продадени над 58 милиони примероци. Во 2013 г., Ендру Спинкс изјавил дека планира да објави продолжение — Terraria 2. Во 2015 г., Re-Logic го најавиле спиноф-проектот Terraria: Otherworld, но во 2018 г. играта била откажана.

Оценки и одзиви Terraria добила општо потврдни одзиви од критичарите: на веб-страницата Metacritic, играта има просечна оценка 83/100, заснована на 29 рецензии. Рецензентот од Destructoid ја пофалил играта за нејзината „интензивна длабочина“. Многумина ја опишале играта како 2D-верзија на Minecraft. GameZone на играта ѝ доделил 9 од 10 бода.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Андроид Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Игри за Линукс Категорија:Игри за Nintendo Switch Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Игри за iOS Категорија:Игри за PlayStation 3 Категорија:Игри за Xbox 360 Категорија:Игри за PlayStation Vita Категорија:Игри за Mac OS X