Eucrosia aurantiaca — еквадорски ендемски вид растение. Нејзините природни живеалишта се суптропски или тропски суви шуми и суптропски или тропски суви грмушести предели. Му се заканува истребување заради уништување на живеалиштата.
Расте од луковици 10 см долги и 7–8 см во дијаметар. Обично има два петиолни листови, синозеленикви по боја, со лиска (ламина) која е 40 см долга и 20–25 см широка. Листовите не се појавуваат сè до по цветањето. Цветовите по облик се чадорчести, растат на стеблото до 1 метар во должина, жолти, со прашници со истакнати долги филаменти., p. 241
При одгледување, растението треба да се чува топло и суво кога листовите венеат, а да се наводнуваат само кога цветовите или листовите повторно ќе почнат да растат, кога е потребна сончева позиција.
Наводи
Надворешни врски
Слика на E. aurantiacaво Категорија:Загрозени растенија Категорија:Загрозени видови според МСЗП Категорија:Ендемска флора на Еквадор