Диаманди Андреев Ихчиев (Велес, 8 ноември 1854 — Софија, 26 март 1913) — македонски историчар, библиограф и архивист. Специјализиран во историјата на Отоманското Царство. Член на Бугарската академија на науките.
Животопис Диаманди Ихчиев е роден на 8 ноември 1854 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Основно образование стекнал во неговиот мајчин град и Штип кај професорот Јосиф Ковачев. Се занимавал со историја, особено историјата на Отоманското Царство. Го научил турскиот јазик во Мактеби Хукук — више училиште за право во Истанбул. Во 1873 година учителствувал во Тиквешко.
Меѓу 1874-1884 година се занимавал со трговија. После вештачкото основање на Кнежевството Бугарија во 1878 година, Ихчиев се преселил во Софија. Работел како адвокат во Софија и Ќустендил. Во 1885 година бил секретар на областта Враца. Меѓу 1890-1895 година и 1910-1911 година работел како преведувач по турски јазик за министерството за надворешни работи на Бугарија.
Меѓу 1900-1908 година бил одговорен за уредување на турскиот архив во Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“. Објавил преведени турски документи и дефтери. Освен турски дефтери, преведил и објавил документи за историјата на Македонија, за Крџали и за Рилскиот манастир. Неговото најпознато дело е „Турски документи за Рилскиот манастир“, издаден во 1910 година и содржи 625 документи за манастирот.
Починал на 26 март 1913 година во градот Софија. Имал четири деца: историчарот Андреј Диамандиев (1882 — 1957), филозоф Љубен Ихчиев (1887 — 1959), просветителен деец Никола Ихчиев (1890 — 1916) и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација Васил Ихчиев (1895 — 1925).Енциклопедия България, том 3, Издателство на БАН, София, 1982.
Литературни дела
„Материали за историята ни под Турското робство“ (1905). Книга I, Софија: Известия на историческото дружество в София „Материали за историята ни под Турското робство“ (1906). Книга II, Софија: Известия на историческото дружество в София „Турски държавни документи за кърджалиите“ (1906 — 1907). Книга XXII и Книга XXIII, Софија: Сборник за народни умотворения, наука и книжнина „Турските документи на Рилския монастир“ (1910). Софија: Рилскиятъ монастирь „Исторически принис за "войниганите" при турската войска от 1374 год. дори до 1839 год. след р. хр. - до Танзимата“
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1854 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Починати во 1913 година Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски преселници во Ќустендил Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски трговци Категорија:Членови на БАН Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Турколози Категорија:Османисти