Abies nebrodensis, сицилијанска елка — елка по потекло од планините Мадоние во Северна Сицилија.

Таксономија Тесно е поврзана со сребрената елка, Abies alba, која ја заменува во Апенинските Планини во Италија и на други места подалеку на север во Европа. Некои ботаничари ја сметаат сицилијанската елка како сорта на сребренате елка, како Abies alba var. nebrodensis. Морфологијата на игличките и генетските студии покажале древни врски на Abies nebrodensis со јужноиталијанските Abies alba, Abies cephalonica и Abies numidica.

Опис Тоа е зимзелено четинарно дрво со средна големина кое расте до 15-25 метри и со пречник на стеблото до 1 м.

Листовите се иглести, сплескани, долги 1,5–2,5 см и широки 2 мм со дебелина од 0,5 мм, сјајни темнозелени одозгора, со две зеленикаво-бели ленти од стоми одоздола. Врвот на листот е тап со засечен врв, но понекогаш со зашилен врв, особено на високи изданоци на постари дрвја. Шишарките се долги 10–16 см и широки 4 см, со околу 150 лушпи, секоја лушпа со издвоен прицветник и две крилести семиња. Тие се распаѓаат кога созреваат за да ги ослободат семето.

Распространетост И покрај неговото научно име, видот е од планината Скалоне во планините Мадоние во северосредишниот дел на Сицилија.

Живеалиште Се јавува на надморска височина од 1400 до 1600 метри. Ограничено е на стрмните, суви падини.

Зачувување Како резултат на обесшумувањто, денес е исклучително редок, со само 27 зрели дрвја и неколку садници кои преживуваат на самото место. Програмите за пресадување имаат ограничен успех поради притисокот од силно испасување од страна на добитокот што им припаѓа на месните земјоделци. Како и да е, програмите за потпомогната миграција ги спроведуваат Универзитетот во Палермо, како и Истражувачкиот центар за шумарство и шума во Арецо CREA, со цел да се зачува генскиот фонд од ефектот на промената на климатскиот појас. Класифициран е како „критично загрозен“ на Црвената листа на МСЗП во 2017 година. Во Европската Унија е означен како „приоритетен вид“ според Анекс II од Директивата за живеалишта, што значи дека областите во кои се јавува можат да бидат прогласени за посебни подрачја на зачувување, ако овие области припаѓаат на едно од живеалиштата наведени во Анекс I од директивата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ела Категорија:Критично загрозени видови според МСЗП Категорија:Ендемска флора на Сицилија