мини|Убиството на Филип II од Андре Кастењ (ок. 1898)

Павзаниј од Орестида — древномакедонски аристократ и телохранител на Филип II Македонски, негов убиец во 336 г. п.н.е. Самиот Павзаниј бил убиен при бегство по стореното дело.

Смеејно потекло

Павзаниј бил син на Кераст, по потекло од горномакедонската област Орестида.Јосиф Флавиј, Еврејски старини, Гл. VIII

Повод за убиството Првиот историски запис за убиството го дава Аристотел, современик на Филип. Тој само накратко го споменува настанот, не навлегувајќи во причината за постапката на Павзаниј. По педесет години Клитарх ја проширил и накитил приказната, а три века подоцна Диодор Сицилиски го прераскажува истото во неговото дело „Историска библиотека“.

Според Диодор, Павзаниј од Ористида бил поранешен миленик на Филип, и се налутил кога кралот го свртел вниманието на помлад човек, исто така наречен Павзаниј. Чувствувајќи се отфрлен, тој јавно го навредил помладиот Павзаниј, а овој решил да си ја одбрани честа ризикувајќи си го животот во битка за да го заштити кралот, по што умрел. Војсководецот Атал, пријател на убиениот Павзаниј, кому веќе му било кажано за намерата, решил да се одмазди за неговата смрт. Наводно го поканил Павзаниј од Орестида на ручек, и откако овој се испијанил до бесвест, им наредил на неговите слуги да го силуваат.Диодор Сицилиски 16.91.4–95.4.

Според Диодор, Филип II не го казнил Атал за ова, можеби од политички причини. Меѓутоа, како надомест, Павзаниј од Орестида бил унапреден во стоматофилакс (кралски телохранител).Диодор Сицилиски 16.93.4–94.4; Аристотел, Политика 5.10, 1311b. Диодор вели дека тој збеснал бидејќи Атал останал неказнет и решил да го убие Филип.

Смрт при бегство и судење на соучесниците Павзаниј го убил Филип на венчавката на неговата ќерка Клеопатра со Александар I Епирски. По убиството Павзаниј Орестидски веднаш се упатил кон градската порта за да избега, но се сопнал на лозов корен и со копја бил прободен до смрт од неколку кралски телохрани, вклучувајќи Атал, син на Андромен Стимфалецот, Леонат и Пердика, кои исто така му биле телохранители и пријатели на Александар.Диодор Сицилиски 16.94.3-4

За тоа дека убиството било со предумисла посведочиле коњите најдени околу местото кајшто Павзаниј бегал.Јустин 9.7.9-11 На судењето биле обвинети и погубени Херомен и Арабеј како созаговорници на Павзаниј. Леонат, кој го фрлил копјето што го убило Павзаниј добил понизок чин, можеби поради сомнението дека сакал го спречи Павзаниј да падне жив во рацете на гонителите и да биде сослушуван.

Поврзано Аминта (син на Антиох)

Наводи

Извори Антички Плутарх: Животот на Александар „Убиството на Филип“, Плутарх Диодор Сицилиски, 16.94

Современи Alexander The Great, J. R. Hamilton Alexander Of Macedon 356-323 B.C., Peter Green

Категорија:Родени во 4 век п.н.е. Категорија:Починати во 336 година п.н.е. Категорија:Војсководци на Филип II Македонски Категорија:Соматофилакси Категорија:Луѓе поврзани со Александар Македонски Категорија:Древномакедонски војсководци Категорија:Кралоубијци Категорија:Луѓе погубени од Александар Македонски Категорија:Родени во непозната година