„Бесење“ (1931) — краток есеј од Џорџ Орвел, првпат објавен (под неговото вистинско име) во август 1931 година во британското книжевно списание на Џон Мидлтон Мари, „Аделфи“ , а потоа препечатен во 1946 година во британското книжевно списание „Њу Савој“. Сместен во Бурма, каде што Орвел (под неговото вистинско име Ерик Артур Блер) служел во Британската империјална полиција од 1922 до 1927 година, во него се опишува погубувањето на еден криминалец.
Содржина На осудениот не му се дава име, ниту му се објаснува какво злосторство извршил. За Британската полиција која го надгледува неговото погубување, бесењето е непријатна, но рутинска работа. Нараторот не учествува активно во бесењето и се чини дека е помалку искусен од неговите колеги. Додека затвореникот со лисици се води кон бесилката, тој малку се повлекува настрана за да избегне да гази во локва со дождовница; нараторот го гледа ова и размислува:
Бесењето е извршено, и сите засегнати чувствуваат ненадејно олеснување додека го напуштаат местото каде што мртвиот човек сè уште виси.
Контекст Британија ја освоила Бурма и владеела со неа во раздобје од 62 години (1824–86), за кое време се воделе три Англо-бурмански војни, и ја вклучила во својата Индиска Империја. Британија ја администрираше Бурма како индиска покраина до 1937 година, кога станала посебна, самоуправна колонија. Бурма добила независност во 1948 година.
Веродостојност Кога го прашале за „Бесењето“, Орвел не сакал да разговара за темата и еднаш рекол дека тоа е „само приказна“. Нема познати докази што покажуваат јасно каде и кога бил сведок на погубување за време на неговиот престој во Бурма. Сепак, во своите дела тој повторил дека го сторил тоа. Тој понатаму размислувал за бесењето во својата колумна „Како што сакам“ за Трибјун, 15 ноември 1946 година. Според Денис Колингс, пријател на Орвел од 1921 година, кога неговиот татко станал семеен лекар на Блер (Орвел), било сигурно дека Орвел би бил сведок на бесење и дека полицајците морале да го видат бесењето „како еден вид иницијација. Морало да има полицајци присутни на погубувања - а кадетите биле назначувани за такви работи“.
Наводи
Надворешни врски "Orwell's Burma", an essay in Time
Категорија:Есеи од Џорџ Орвел