Чарлс Вилијам Ендрус ( — ) — британски палеонтолог чија кариера како палеонтолог за ‘рбетници, и како кустос и на терен, ја поминал во службите на Британскиот музеј, Оддел за геологија. Тој исто така бил член на Кралското друштво.

Биографија Ендрјус е роден во Хемпстед, Мидлсекс.

Дипломирал на Лондонскиот универзитет и бил награден со место асистент во Британскиот музеј, по конкурсен испит, во 1892 година. Неговите први грижи биле поврзани со фосилните птици, и тој го опишал Aepyornis titan, изумрената „птица слон“ од Мадагаскар (1894). Ги забележал врските меѓу широко одвоените блатни кокошки на Маврициус, островите Чатам и Нов Зеланд и заклучил дека тоа што не можат да летаат независн еволуирало на самото место.

Подароците на Алфред Николсон Лидс за Британскиот музеј на јура морски влекачи од Оксфорд Клеј во Питерборо го разбудиле неговиот интерес за плезиосаурусите и другите морски влекачи, што кулминирало со каталог на колекцијата Лидс во Британскиот музеј (2 тома 1910-13); неговиот интерес за оваа област не исчезнал потоа: неговиот последен, постхумно објавен труд се однесувал на отпечатоците од кожа и другите меки структури зачувани во лопатка од ихтиосаурус од Лестершир.

Во 1897 година бил избран да помине неколку месеци на Божиќниот Остров во Индискиот Океан, за да го испита пред активностите за рударство на фосфати да ја загрозат неговата природна историја. Резултатите биле објавени од Британскиот музеј во 1900 година.

По 1900 година, неговото здравје полека почнало да се влошува и бил испратен да ги помине зимските месеци во Египет; таму му се придружил на Биднел од Геолошкиот завод на Египет, инспектирајќи фосили од слатководни риби во Фајум, каде што Ендрус забележал фауна на цицачи што претходно не била откриена и ги објавил Moeritherium и еден ран слон, Palaeomastodon, по што го објавил и неговиот Описен каталог.

Во 1916 година бил награден со Лајел медал од Геолошкото друштво. Исто така, бил активен член на Зоолошкото друштво.

Наводи

Категорија:Апсолвенти на Лондонскиот универзитет Категорија:Починати во 1924 година Категорија:Родени во 1866 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки