„Лир, Толстој и будалата“ — есеј од Џорџ Орвел. Бил вдахновен е од критички есеј за Шекспир од Лав Толстој и првпат бил објавен во Полемика бр. 7 (март 1947 година).Orwell, Sonia and Angus, Ian (eds.). The Collected Essays, Journalism and Letters of George Orwell Volume 4: In Front of Your Nose (1945–1950) (Penguin)

Орвел ги анализира критиките на Толстој за делото на Шекспир воопшто и неговиот напад врз Кралот Лир посебно. Според подробното резиме на Орвел, Толстој го осудил Шекспир како лош драматург, воопшто не како вистински уметник, и изјавил дека славата на Шекспир се должи на пропагандата на германските професори кон крајот на осумнаесеттиот век. Толстој тврдел дека Шекспир сè уште бил предмет на восхит само поради еден вид масовна хипноза или „епидемиска сугестија“.

Откако накратко ги претставува обвиненијата и мерилата на Толстој за книжевна вредност, кои Шекспир не ги исполнува, Орвел пишува:

По подробна, ставка по ставка анализа со цел да се покаже дека голем број образложенија на Толстој се лажни, нечесни и злонамерни, Орвел ја идентификува главната расправа на Толстој со Шекспир како „расправа помеѓу религиозниот и хуманистичкиот став кон животот“. Воодушевувањето од животот што го одликува Шекспир, неговиот интерес за сè, поетската блескавост - токму квалитетите поради кои луѓето имаат склоност да му се восхитуваат на Шекспир - се токму квалитетите што го прават неподнослив за Толстој, кој проповедал строгост и чија „главна цел, во подоцнежните години, беше да го стесни опсегот на човековата свест. Нечии интереси, нечии точки на приврзаност кон физичкиот свет и секојдневната борба, мора да бидат што е можно помалку, а не што е можно повеќе“. Бидејќи ставот на Шекспир кон животот го загрозува ставот на Толстој, Толстој не е способен да ужива во Шекспир и започнува напад врз него за да се обиде да се осигури дека и другите не можат да уживаат во него.

Потоа Орвел продолжува да го испитува самиот Толстој и забележува дека посебната омраза што Толстој ја имал кон Кралот Лир би можела да се должи на чудната сличност на неговата приказна со приказната на Лир, како и на фактот дека тој доживеал разочарувања од иста природа откако се откажал од својот имот, својата аристократска титула и своите авторски права.

Како заклучок, Орвел споменува колку мала разлика направил громогласниот напад на Толстој врз Шекспир. Според Орвел, единственото мерило за вредноста на уметничкото дело е тоа што тоа продолжува да биде предмет на восхит, и оттука, пресудата за Шекспир мора да биде „невин“, бидејќи повеќе од сто години по памфлетот на Толстој, Шекспир останува восхитуван како и секогаш.

Наводи

Надворешни врски Lear, Tolstoy and the Fool

Категорија:Есеи од Џорџ Орвел Категорија:Статии со врски до проектот „Гутенберг“