Опсада на Малта (или Битка кај Малта) во Втората светска војна — воена кампања во Средоземноморското боиште. Од јуни 1940 до ноември 1942 година, борбата за контрола на стратешки важниот остров на Британската крунска колонија Малта ги спротивставило воздухопловните и поморските сили на Кралството Италија и нацистичка Германија против Кралските воздухопловни сили (РАФ) и Кралската морнарица.
Отворањето на нов фронт во Северна Африка во јуни 1940 година ја зголемило веќе значителната вредност на Малта. Британските воздушни и поморски сили стационирани на островот можеле да ги нападнат бродовите на Оската што пренесувале резерви и носеле засилување од Европа. Генералот Ервин Ромел, де факто командант на Панцерарме Африка во Северна Африка, брзо ја препознал неговата важност. Во мај 1941 година, тој предупредил дека „Без Малта, Оската ќе заврши со губење на контролата врз Северна Африка“.
Оската решила да ја бомбардира или изгладни Малта пред да ја освои, за да ја омекни за инвазија, со напаѓање на нејзините пристаништа, градови, села и сојузнички бродови што го снабдувале островот. Малта била една од најинтензивно бомбардираните области за време на војната. Германскиот Луфтвафе и италијанската Регија Аеронаутика извршиле вкупно 3.000 бомбардирања во текот на две години, испуштајќи 6.700 тони бомби само врз областа на Големото пристаниште. Нивниот успех требало да овозможи комбиниран германско-италијанско поморски десант(Операција „Херакле“) поддржано од германските воздушно-десантни сили (Fallschirmjäger), но тоа не се случило.
Сојузничките конвои биле во можност да ја снабдуваат и зајакнуваат Малта, додека Кралските воздухопловни сили го бранеле нејзиниот воздушен простор, иако со голема цена во материјални средства и животи. За возврат, авионите и подморниците кои се наоѓале во Малта имале можност успешно да ги запрат конвоите што се упатувале кон Северна Африка, лишувајќи ги трупите на Оската од залихи. Во ноември 1942 година, Оската била поразена во Втората битка кај Ел-Аламејн и сојузниците истоварле сили во Мароко и Алжир во операцијата „Факел“. Оската ги пренасочила силите кон кампањата во Тунис и ги намалила нападите врз Малта, со што завршила опсадата. Во декември 1942 година, воздушните и поморските сили што дејствувале од Малта преминале во офанзива. До мај 1943 година, сојузниците потопиле 230 бродови на Оската за 164 дена, што е највисока стапка на тонење на сојузничките бродови во војната. Победата на сојузниците во Малта одиграла голема улога во конечната победа на сојузниците во Северна Африка, а исто така послужила и како основа за инвазијата на Сицилија.
Позадина лево|мини|Карта на Малта Малта била воена и поморска тврдина, единствената сојузничка база помеѓу Гибралтар и Александрија, Египет. Во мирно време, таа била попатна станица по должината на британскиот трговски пат до Египет и Суецкиот канал до Индија и Далечниот Исток. Кога патот бил затворен, Малта останала напредна база за офанзивни акции против бродовите и копнените цели на Оската во средишниот дел на Медитеранот. Поради својата изложена позиција во близина на Италија, Британците го преместиле седиштето на Медитеранската флота на Кралската морнарица од Валета, Малта, во средината на 1930-тите во Александрија во октомври 1939 година.
Малта е 24х14 км со површина од нешто помалку од 250 км2. Малта имала население од околу 250.000 жители во јуни 1940 година, од кои сите освен 3% или 4% биле домородни Малтежани. Според пописот од 1937 година, повеќето од жителите живееле во полупречник од 6,4 километри од Гранд Харбор, каде што густината на населението била повеќе од шест пати поголема од просекот на островот. Меѓу најзафатените места била Валета, главниот град и политички, воен и трговски центар, каде што живееле 23.000 луѓе на површина од околу 0,65 км2. Преку Гранд Харбор, во Трите Града, каде што се наоѓале Малтешкото бродоградилиште и седиштето на Адмиралитетот, 28.000 луѓе биле натрупани во 1,3 км2. Токму овие мали области претрпеле најтешко, најдолготрајно и најконцентрирано воздушно бомбардирање во историјата.
На Малта речиси и да немало одбрана поради предвоениот заклучок дека островот е неодбранлив. Италијанските и британските површински флоти биле подеднакво распоредени во регионот, но Италијанците имале многу повеќе подморници и авиони. Адмиралитетот морал да го заштити Суецкиот канал со Медитеранската флота ( адмирал Ендру Канингем) и Гибралтар со Сила Х (вицеадмирал Џејмс Сомервил). Во октомври 1939 година, Медитеранската флота била префрлена на исток во Египет, лишувајќи го островот од неговата поморска заштита. Единствено мониторинг бродот HMS Терор и неколку британски подморници сè уште биле стационирани на островот. Кога малтешката влада го довела во прашање британското расудување, им било кажано дека островот може да се одбрани подеднакво соодветно од Александрија како и од Гранд Харбор, што не било точно. Ова ги навело Малтежаните да се сомневаат во британската посветеност на одбраната на островот. мини|Вооружениот травлер „ХМС Корал“, оштетен од бомба за време на Втората светска војна И покрај загриженоста дека островот, далеку од Британија и блиску до Италија, не може да се одбрани, Британците во јули 1939 година одлучиле да го зголемат бројот на противвоздушни топови и борбени авиони на Малта. Британското раководство имало дополнителни сомнежи дали да го задржи островот во мај 1940 година, кога за време на битката за Франција, францускиот премиер Пол Рејно посочил дека италијанскиот премиер и диктатор Бенито Мусолини може да се смири со отстапки, вклучувајќи ја и Малта. По неколку разговори, Винстон Черчил го убедил британскиот воен кабинет дека не треба да се прават никакви отстапки. Со оглед на тоа што британските острови биле во опасност, одбраната на Малта не претставувала приоритет и таа била слабо заштитена. Само шест застарени двокрилци „Глостер Си Гладијатор“ биле стационирани на островот, а уште шест во сандаци кога, на 10 јуни 1940 година, Мусолини им објавил војна на Обединетото Кралство и Франција. Во 1930-тите, Италија се обидела да се прошири во Медитеранот и Африка, региони доминирани од Британците и Французите. Сојузничкиот пораз во Франција од мај до јуни 1940 година ја отстранила француската морнарица од сојузничкиот борбен поредок и ја променило рамнотежата на поморската и воздушната моќ во корист на Италија.
По објавувањето на војната, Мусолини повикал на офанзива низ целото Средоземно Море и за неколку часа, првите бомби биле фрлени врз Малта. По предавањето на Франција на 25 јуни, Мусолини се обидел да ја искористи ситуацијата, спроведувајќи ја Операцијата Е, италијанската инвазија на Египет, во септември. 10-та армија била разбиена во операцијата Компас, британски контраудар, а Адолф Хитлер одлучил да му помогне на својот сојузник. Во февруари 1941 година, Deutsches Afrikakorps (ГАК, Германски Африкански корпус под водство на генералот Ервин Ромел) бил испратен во Северна Африка како блокирачки одред ( Противбродските ескадрили на Кралската морнарица и противбродските ескадрили на Малта ја загрозиле линијата за снабдување на Оската кон Северна Африка, а двете страни ја препознале важноста на Малта во контролата на средишниот дел на Медитеранот.
Во 1940 година, италијанскиот напад врз Малта имал разумна шанса за преземање контрола врз островот, акција што им давала на Италијанците поморска и воздушна супериорност во средишниот дел на Медитеранот. Медитеранот требало да биде поделен на два дела, одвојувајќи ги британските бази во Гибралтар и Александрија. Неподготвеноста на Италијанците да дејствуваат директно против Малта во текот на 1940 година била зајакната со битката кај Таранто, во која голем дел од италијанската површинска флота била ставена надвор од акција од торпедни бомбардери на Кралската морнарица (FAA). Италијанците усвоиле индиректен пристап и го отсекле островот. За Италијанците (а подоцна и за Германците), воздушната моќ била клучното оружје против Малта.
Италијанска опсада (јуни–декември 1940)
Италијански воздушни акции мини|Италијански бомбардер Савоја-Марчети СМ79 Воздушната сила била избраниот метод за напад врз Малта. Regia Aeronautica (Италијанските воздухопловни сили) започнале со воздушно бомбардирање на островот од воздухопловните бази во Сицилија. Првиот ден, 55 италијански бомбардери и 21 ловци прелетале над Малта и фрлиле 142 бомби на трите аеродроми во Лука, Хал Фар и Та Кали. Подоцна, 10 италијански Савоја-Марчети СМ79Савоја-Марчети СМ79 и 20 Маки MC.200 прелетале над островот, без воздушен отпор. Во времето на овие први воздушни напади, одбранбените ловци на Малта се состоеле од застарени Глостер гладиатор. Десет гладијатори во сандаци за превоз биле собрани и бидејќи не летале повеќе од три авиони одеднаш, биле наречени „Вера“, „Надеж“ и „Добротворност“. Пилотите летале со екипаж на бродови и други летачи без искуство во ловни операции. Еден гладијатор бил соборен, но останатите успеале да соборат неколку италијански авиони.
Италијанците летале на околу 6,100 метри и мониторот Терор и топовски чамци HMS „Афис“ и Лејдибрд отвориле оган. Попладнето, уште 38 бомбардери придружувани од 12 ловци извршиле напад врз главниот град. Нападите биле дизајнирани да влијаат на моралот на населението, а не да нанесат штета на бродоградилиштата и инсталациите. Вкупно осум напади биле извршени тој прв ден. Бомбардирањето не предизвикало голема штета, а повеќето од жртвите биле цивили. Не било извршено пресретнување на напаѓачите бидејќи немало сили на РАФ подготвени да се соочат со нив. Во тоа време ниеден аеродром на РАФ на Малта не бил оперативен; еден, во Лука, бил близу до завршување. мини|Италијанско бомбардирање на Гранд Харбор И покрај отсуството на какви било оперативни аеродроми, барем еден РАФ Гладијатор летал против нападот на 55 Савоја-Марчети СМ79Савоја-Марчети 79 и нивните 20 борбени авиони-придружници на 11 јуни. Тоа ги изненадило Италијанците, но одбраната, речиси непостоечка на земја и во воздух, не успеала да ги спречи италијанските сили. На 12 јуни бил соборен италијански авион на извидувачки лет над Малта.
Дванаесет торпедни бомбардери „Фери Свордфиш“ побегнале од јужна Франција по капитулацијата на Франција и се упатиле кон француската колонија Тунис. Потоа одлетале по пристигнувањето во базата во Хал Фар на 19 јуни. Тие го формирале јадрото на она што требало да стане 830-та поморска воздухопловна ескадрила, обезбедувајќи ѝ на Малта нејзиниот прв офанзивен ударен авион. Пред крајот на јуни, тие извршиле напад врз Сицилија и потопиле еден италијански разорувач, оштетиле крстосувач и уништиле резервоари за нафта во пристаништето Августа.
До почетокот на јули, „Гладијаторите“ биле засилени од „Хокер Харикејнс“, а одбраната била организирана во ескадрила бр. 261 на РАФ во август. Дванаесет авиони биле испорачани од HMS Аргус во август, првата од неколкуте серии превезени на островот од страна на носачот. Понатамошен обид ( Операција „Бело“) за летање со 12 „Харикени“ во Малта на 17 ноември, предводен од „Блекбурн Скуа“ на ФАА, завршиле со катастрофа со губење на осум „Харикени“; тие полетале премногу западно од островот поради присуството на италијанската флота и останале без гориво, а неколку пилоти биле изгубени. Уште два „Харикени“ се урнале, а еден од пилотите билспасен од летачки брод „Шорт Сандерленд“. Пристигнувањето на повеќе борбени авиони било добредојдено. По осум недели, првичната сила на единиците „Харикени“ била заземјена поради недостаток на резервни делови.
До крајот на годината, РАФ тврдел дека биле соборени 45 италијански авиони. Италијанците признале дека загубиле 23 бомбардери и 12 ловци, а уште 187 бомбардери и седум ловци претрпеле штета, главно од противвоздушна артилерија.
План за инвазија DG10/42