Општина Д’лгопол () — општина во Североисточна Бугарија, една од составните општини на Варненската област. Административен центар е градот Д’лгопол. Има 13.485 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во југозападниот дел на Варненската област. Со својата површина од 440,945 km2 го зазема 5-то место меѓу 12-те општини во областа, што претставува 11,52% од нејзината територија.

Општината е сместена во подножјето на Источна Стара Планина, по течението на реката Луда Камчија. Регионот е познат по вештачкото езеро Цонево и природниот феномен „Чудните Карпи“.

Самоуправа Општината се состои од 16 населени места, од кои 1 град и 15 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Арковна Аспарухово Борјана Величково Дебелец Д’лгопол Камен Дјал Комунари Красимир Лопушна Медовец Партизани Пољаците Ројак Сава Сладка Вода Цонево

Поврзано Варна (област) Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Д’лгопол

Д’лгопол