Џовани Батиста Амичи (роден на година во - починал на година во ) — италијански астроном, микроскопист и ботаничар.

Биографија Амичи бил роден во градот Модена, во денешна Италија. Учел математика во својот роден град под менторство на Паоло Руфини. По завршувањето на студиите на Болоњскиот универзитњет, станал професор по математика во Модена, а во 1831 година бил назначен за генерален инспектор за студии во Војводството Модена. Неколку години подоцна бил избран за директор на опсерваторијата во Фиренца, каде што исто така предавал и во Музејот за природонаука.

Тој е најпознат по подобрувањата што ги направил во огледалата на рефлектирачките телескопи, а особено во конструкцијата на микроскопот. Амичи го измислил диплеидоскопот, а исто така и призмата за директно гледање.

Тој бил и вреден и вешт набљудувач и се занимавал не само со астрономски теми, како што се двоѕвезда, сателитите на Јупитер и мерењето на поларните и екваторските пречници на сонцето, туку и со биолошки студии за плодоносењето на растенијата, циркулацијата на сокот во растенијата, инфузориите итн. Тој бил првиот што ја набљудувал поленската цевка.

Амичи починал во Фиренца на 10 април 1863 година. Кратерот Амичи на Месечината е именуван во негова чест.

Стандардна кратенка на авторот

Наводи

Надворешни врски

Some places and memories related to Giovanni Battista Amici Giovanni Battista Amici: Optical Instrument Maker, Astronomer. Naturalist

Категорија:Починати во 1863 година Категорија:Родени во 1786 година Категорија:Микроскопичари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Италијански ботаничари