Neatostema apulum — единствен вид на растение од родот Neatostema.

Опис Ова е едногодишно растение високо од 2,5 до 22 см. Обично е разгрането во горниот дел, поретко во основата, со прилегнати полустрчести влакна, кои се свртени нагоре. Листовите се 7-25 мм во должина и 1-2 мм во ширина, со брадавичести израстоци, базални листови кои се линејни или долгнавесто-лопатовидни, собрани во розета. Цветовите се развиваат во пазувите на прицветните листови, и се собрани во густо збинено соцветие, кое се издолжува за време на формирањето на плодот. Чашката е долга 3,5-4 мм. Венчето е долго 6-7 мм, жолто, тесно инковидно, со тесна венечна трубичка малку подолга од чашката.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 83-84, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Живеалиште и распространетост Расте по брдски пасишта, по суви тревести места, покрај грмушки, камењари, засолени почви, лапор, на варовничка, серпентинска и силикатна подлога до 1100 м.

Расте на Канарски Острови, Мароко, Алжир, Тунис, Португалија, Шпанија, Балеарските Острови, Корзика, Сардинија, Сицилија, Малта, Франција, Италија, Хрватска, Србија, Албанија, Грција, Крит, Кипар, острови во Егејското Море, Турција, Ирак, Бугарија, Молдавија и јужна Украина.Benito Valdés, 2011: Boraginaceae. Datenblatt Neatostema apulum In: Euro+Med Plantbase - the information resource for Euro-Mediterranean plant diversity.

Во Македонија е познат за Скопско, с. Петровец, Скопска Црна Гора, Жеденска Клисура, Рашче, Катланово, Таорска Клисура, Куманово, Слупчане, Велес, Башино Село, клисурата на Тополка, клисурата на реката Бабуна, Кратово, Пробиштип, Штип, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Криволак, Демир Капија, Богданци, Дојран, Струмица, Прилеп, Козјак, Дабничка Планина, Маркови Кули, Битола, Мариово, Кавадарци, клисурата на Раец Река.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа