Лазар Димев Шулев (Велес, 1875 — Велес) — македонски револуционер и учител. Деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис Лазар Шулев е роден во 1875 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнува од историското велешко семејство Шулеви. Неговиот дедо Петруш Шулев бил наведен во списокот на Прцоречки градоначалници од Јордан Хаџи Константинов Џинот. Стекнал основно образование во неговиот мајчин град. Од 1901 и 1912 година работел како учител во Бугарската егзархија. Учителствувал во Велешкиот и Струмичкиот регион. Подоцна се приклучил во Македонската револуционерна организација. Работел како курир за Мирчо Атанасов, Дачо Јотов, Панчо Константинов и Пано Ветерски. Во учебната 1912/1913 година учителствувал во Дреново.ДАА-ЦДА, Ф. 246К, оп. 1, а.е. 706, л. 99
На 9 март 1943 година, за време на Бугарската фашистичка окупација, поднесол молба за народна пенсија. Подоцна била одобрена од Министерскиот совет на Царството Бугарија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1875 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во Велес Категорија:Дејци на МРО Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски учители Категорија:Учители на Бугарската егзархија