десно|мини|Топка во кошот Кош — дел од опремата на кошаркарското игралиште. Се состои од метален обрач на кој е прицврстена мрежа. Целта на кошаркарската игра е да се уфрли топката во кошот.

Историја Кога д-р Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, играчите се обидувале да ја уфрлат топката во обична плетена кошница за овошје од половина бушел (околу 18 литри).Статија „Кошарка“ на семрежната страница на Encyclopædia Britannica Оттука и името „кош“. Кошовите биле заковани на работ на балкон и биле затворени од долната страна. Меѓутоа, се покажало дека е непрактично да се извади топката од кошницата по секој погодок (со качување по скали), па затоа била исечена мала дупка на дното, низ која топката се исфрлала нагоре со стап. Во 1893 година, бил воведен челичен кош со обрач, направен како висечки кош. Мрежа со отворено дно била воведена во 1912/13 година.

Кошевите често биле прицврстени на балконите во салите, за да можат гледачите да „учествуваат“ во играта - тие се наведнувале преку оградата и ја насочувале топката кон или надвор од кошот, во зависност од нивните склоности. Затоа, во 1895 година, клубовите биле охрабрени да постават параван со димензии 1,2 × 1,8 м зад кошот. Подоцна, дрвената табла се покажала како посоодветна. Стаклената табла била легализирана за професионалци во 1908–09 година, а за колеџите во 1909–10 година. За да се избегнат чести престапи, таблата била поместена 0,6 м од крајната линија на теренот во 1920–21 година, а 1,2 м во 1939–40 година.

Важечки правила Денешниот кош е обрач направен од челик, со внатрешен пречник од 450 - 459 мм . Дебелината на металот е 16 - 20 мм. Обоен е портокалово. На обрачот е прикачена мрежа, која служи за успорување на летот на топката, но не смее да ја задржи.

Обрачот се поставува на таблата на висина од 3.050 мм (±6 мм) од подот, на средина помеѓу вертикалните рабови на таблата, а најблиската внатрешна точка на обрачот е на растојание од 151 мм (±2 мм) од предната страна на таблата.

Наводи

Надворешни врски Кошаркарски правила на веб-страницата на ФИБА 12 април 2016 година (Wayback Machine)

Категорија:Кошарка