Buglossoides glandulosa — вид широколисно растение првпат опишано од Јозеф Веленовски, а сегашното име го добило од Р. Фернандес. Buglossoides glandulosa е член на родот Buglossoides и семејството Buglossidae. Во Каталогот на живот не се наведени подвидови.
Опис Ова е едногодишно растение. Стеблото е високо 9–16 цм, неразгрането или од основата и во горниот дел разгрането, препокриено со прилегнати, прости, четинести влакна и со куси жлездести влакна. Листовите од двете страни се препокриени со прилегнати и полустрчести, прости, четинести влакна, и со густи, куси жлездести влакна. Цветовите се во мал број, и се собрани во врвни, куси, цимозни соцветија, кои при формирањето на плодот се издолжуваат. Цветните дршки се куси, цилиндрични, при формирањето на плодот слабо се задебелуваат. Чашката е долга 4–5,5 мм,длабоко разделена на 5 линејни сегменти. Венчето е 6–9 мм долго, белузлаво (кај хербариумски примероци изгледа бледожолтеникаво), инковидно, од надворешната страна препокриено со прилегнати, прости, четинести влакна и ретки жлездести влакна, венечната трубичка тесно цилиндрична, во долната половина сина, во близина на отворот без надолжни набори со влакненца. Прашниците се прикрепени во долниот дел на венечната трубичка. Оревчињата се до 2 мм долги, јајцевидни, кафеави, со кусо клунче, со повеќе или помалку изразени брадавичести израстоци.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 90, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Распространетост и живеалиште Расте покрај патишта, по брдски пасишта, на гранитна геолошка подлога, на надморска височина од 800 до 1000 метри.
Во Македонија познат за околината на Прилеп, Маркови Кули, Трескавец.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија