Cerinthe glabra — вид на растение од родот Cerinthe.
Опис Повеќегодишно или двегодишно растение, расте 15–45 цм високо. Стеблото е вертикално или лачно искривено, неразгрането или во горниот дел понекогаш од основата разгрането, голо. Долните, базални листови се 12–26 цм долги, 3–5 цм широки, издолжено, клиновидно-лопатовидни, во врвниот дел затапени или заоблени, со долги, често крилести лисни дршки. Средните и горните стеблени листови 3–6,5 цм долги, 1,7–2,5 цм широки, јајцевидни, издолжено-елиптични или елиптични, приседнати, со срцевидна основа го опфаќаат стеблото. Сите листови се сивозелени од горната страна со бели брадавичести израстоци, од долната страна мазни или со ретки, бели брадавичести израстоци. Прицветните листови се срцевидни или копјести. Цветовите собрани во куси и густи терминални срповидни соцветија кои за време на формирањето на плодот силно се издолжуваат. Цветните дршки се 4–5 мм долги, голи или со брашнест налеп. Чашката е формирана од 5 нееднакви, копјести или долгнавесто елиптични сегменти, затапени, голи или со ретки влакненца по рабовите. Венчето е трубесто или тесно yвончевидно, 10–12 мм долго, жолто, обично со темноцрвени точки при отворот на венечната трубичка, двапати подолго од чашката. Венечните сегменти се куси, јајцевидно-триаголни, во врвниот дел свиткани наназад, многу покуси од останатиот дел на венчето. Антерите многу подолги од филаментите, малку покуси од дол`ината на венчето. Оревчињата се јајцевидни, 3–4 мм долги, темнокафеави до црни.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 99 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Живеалиште По планинските и високопланинските пасишта, покрај букови шуми, на надморска височина од 1600 до 2650 метри.
Во Македонија Познат за планината Кораб и Шар Планина – помеѓу Елак и Лешница.
Подвидови C. g. caucasica C. g. glabra C. g. longiflora C. g. pirinica C. g. pyrenaica C. g. smithiae C. g. tenuiflora
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија