Учка () — планински венец во западна Хрватска кој се издига зад Опатската ривиера на источната страна од Истарскиот полуостров, а планинскиот венец формира единствена морфолошка единица заедно со планинскиот венец Ќиќарија, кој се протега од Трстскиот Залив до Риека.
Учка е варовнички масив со бројни карстни површини, кој се протега на 20 км од Поклоновиот превој (920 м) до Пломенскиот Залив, а воедно има широчина помеѓу 4 до 9 кмNaklada Naprijed, The Croatian Adriatic Tourist Guide, pg. 89, Zagreb (1999), и се разликува од сите други крајбрежни планини во Хрватска поради својата богата вегетација на морската страна, а најпознати се шумите од слатки костени во областа околу Ловран.
Највисоките врвови на Учка се сметаат за природни резервати и спомен-зони, а највисокиот врв e Војак со 1.396 метри надморска височина, а заедно со кулата на врвот, највисоката точка достигнува приближно 1.401 метри, а самата кула на врвот нуди поглед на Истра, Кварнерскиот Залив, Јулиските Алпи и Јадранските острови, па сè до Дуги Оток.
Како предмет на одреден степен на локален фолклор, Учка е видлива од поголемиот дел од полуостровот и е покриена со снег неколку месеци од годината. Градот Опатија () се вели дека наводно ја добил својата популарност како одморалиште во Австриското Царство затоа што се наоѓала „во сенката“ на планината Учка, која според легендата го штити од жестоката и напорната медитеранска жештина во лето.
Во Хрватска, областа Учка е прогласена за природен парк.
Историски гледано, Истророманците, романска етничка група од Истра, биле одделени од планинскиот венец, формирајќи две области на концентрација: една во селото Жејане и една во селото Шушњевица и околните населби. Иако овие области се оддалечени на 50 км една од друга, сепак постои пат околу Учка што ги поврзува.
Клима Помеѓу 1968 и 2003 година, највисоката температура измерена на локалната метеоролошка станица била 30°C на 15 август 1993 година, a nајниската температура била -24.3°C, на 6 јануари 1985 година.
Поврзано
Тунел Учка Список на заштитени подрачја на Хрватска
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Природен парк Учка Патека за ленд уметност на планината Учка
Категорија:Истра Категорија:Планински венци во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците