Бранко Иванда ( – ) — хрватски филмски режисер и сценарист.

Живот и кариера Роден во Сплит кој во тоа време бил под италијанска окупација. Неговиот татко Лео бил професор по хрватски и француски јазик во средно училиште, а неговата мајка Дуња службеничка, а уметничките склоности во семејството ги имало уште од порано, бидејќи дедото на Иванда бил актер во Хрватскиот народен театар во Сплит (ХНК), додека неговиот чичко бил композиторот Иво Тијардовиќ.

Тој ја завршил класичната гимназија во својот роден град, повремено играјќи споредни улоги во ХНК, но бидејќи претпочитал режија, се запишал на Академијата за драмски уметности на Универзитетот во Загреб, каде што дипломирал.

Неговото режисерско деби било модернистичкото дело од 1969 година Гравитација или фантастична младост на чиновникот Борис Хорват, но по забраната на неговиот документарец за студентските демонстрации од 1971 година Поезија и револуција - студентски штрајк 1971, тој во 70тите години од 20 век се фокусирал на телевизија, каде што режирал филмови, драми, документарни и рекламни филмови повеќе од 30 години и воедно повремено прифаќал театарски проекти.

За своите телевизиски и играни филмови добил неколку награди, особено ФИПРЕСЦИ од Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и од 2004 година е декан на Загребската академија за драмски уметности.

Тој бил оженет двапати: од првиот брак со Станка, тој имал дете, синот Никола, кој исто така станал режисер и близок асистент на Бранко во повеќе ТВ проекти, како што се популарните серии Обични луѓе, Гордоста на Раткајеви, Се ќе биде добро и Долина на сонцето. Никола починал од срцев удар во 2012 година, на 36 години, а од вториот брак со продуцентката Лидија има две деца.

Тој починал на 20 ноември 2025 година, на 83 години.Umro je hrvatski redatelj Branko Ivanda

Филмографија

Гравитација илифантастичната младост на чиновникот Борис Хорват (1968) Дрвениот сандак на Томаш Вулф (1974) (ТВ) Случајон на матурантот Вагнер (1976) (ТВ) Рабија (1977) (документарен филм) Бомбашки процес (1978) (ТВ) Страшен суд (1978) Последна вечера (1978) (документарен) Злостор во училиште (1982) Во логорот (1983) (ТВ драма) Ноќ по смртта (1983) Пет Мртви Адреси (1984) (ТВ драма) Поезија и револуција - студентски штрајк 1971 (1971-2000) (документарен филм) Дубровнички шкерац (2001) Коњаник (2003) Љубов во офсајд (2005) (ТВ серија) Обични луѓе (2006) (ТВ серија) Гордоста на Раткајеви (2007) (ТВ серија) Леа и Дарија (2011)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Хрватски филмски режисери Категорија:Починати во 2025 година Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Добитници на наградата Владимир Назор