Жестил или жестика () — вид на јавор широко распространет во Средна и Југоисточна Европа и умерена Азија, од Австрија до Турција, а во поширка смисла има одделени популации во источна Азија и северна и средна Кина, Јапонија и Рускиот Далечен Исток. Научното име на видот го добило по Татарите во јужна Русија.Экосистема: Клён татарский, или черноклён — Acer tataricum L.
Застапеност во Македонија Во Македонија растението вирее во речни клисури, покрај патишта, помеѓу грмушки, најчесто во појасот на дабовите шуми, до надморска висина од 900 м. Застапено е на следниве места:
Познат за клисурата на р. Пчиња; Радуша; во Велешко во с. Степанци; на Шар Планина помеѓу Тетово и с. Лисец; во Гостиварско; во Дебарско во клисурата на Црн Дрим; на пл. Добра Вода; во Кичево на Кичевско Кале; во Демирхисарско во с. Доленци, с. Слепче, с. Железнец, с. Големо Илино; во Битолско во с. Лознани; на Пелистер; во Прилепско на пл. Бабуна, поточно на Мукос; во Мариово, во клисура на р. Сатока; во Струмичко во с. Банско и с. Габрово, како и во заштитеното подрачје Моноспитовско Блато.
Се посочува за околината на Битола и Пелистер; на пл. Беласица во с. Банско; во Скопско во с. Морани и с. Зелениково; на Шар Планина - Љуботен, по Црна Река; во Поречието, во Гостиварско на пл. Буковиќ; во Охридско во с. Љубаништа; на пл. Плавуш, во Струмичко во с. Колешино; помеѓу р. Пчиња и Свети Николе; во Гевгелиско на пл. Даб и во Тетовско во с. Раотинце.
Опис Жестилот е листопадна ширечка грмушка или мало drvo со висина од 4-12 м, кратко стебло со пречник од 20-50 см и тенки гранки. Кората е тенка, бледокафеава и отпрвин мазна, но станува плитко избраздена кај старите растенија. Листовите се спротивни и прости, начелно јајцевидни, долги 4,5-10 см и широки 3-7 см; или воопшто немаат, или имаат три до пет плитки залистоци; рабовите на листовите се грубо и неправилно назабени; лисната дршка е тенка, често со розова нијанса и долга 2-5 см. Цветовите се белузлаво зелени, со пречник од 5-8 мм; напролет излегуваат во раширени метлички кога се отвораат лисјата. Плодот е црвенкаво спарено крилесто оревче долго 10-12 мм, каде секое крилце е долго 2-3 см; зрее доцна на лето или во рана есен.Flora of China, Acer tataricum Linnaeus, 1753. 鞑靼槭 da da qi
Таксономија Светската база The Plant List ги признава следниве подвидови: Acer tataricum subsp. aidzuense (Franch.) P.C.DeJong — Јапонија. Вклучен во амурскиот јавор кога тој се смета за посебен вид. Acer tataricum subsp. ginnala (Maxim.) Wesm. — амурски јавор (syn. Acer ginnala) во Кореја, најисточна Монголија, источна Русија, североисточна Кина Acer tataricum subsp. semenovii (Regel & Herder) A.E.Murray — Средна Азија и Авганистан, јужен Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и најзападен Тибет Acer tataricum subsp. tataricum — Кавказ, Турција, Австрија, Бугарија, Унгарија, Романија, Србија, Украина, Иран Acer tataricum subsp. theiferum (W.P.Fang) Y.S.Chen & P.C.de Jong — источна Кина. Вклучен во амурскиот јавор кога тој се смета за посебен вид.
Некои ботаничари го сметаат Acer tataricum subsp. ginnala за посебен вид наречен амурски јавор (Acer ginnala). Двата имаат изразени ралики по тоа што амурскиот јавор има сјајни листови со длабоки залистоци, а жестилот има несјајни листови и нема залистоци (или има плитки). Воедно, нивните живеалишта се оддалечени 3.000 км.
Галерија
Одгледување и употреба Жестилот понекогаш се одгледува како украсно растение во разни градини во Европа и Северна Америка. Во Русија е на цена како ветробрански појас околу земјоделските насади. Одомаќинет е и понекогаш инвазивен во источна Северна Америка.
Наводи
Надворешни врски
Хербариумски примерок во Ботаничката градина на Мисури
Категорија:Јавор Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј