мини|Јужен Шлезвиг со германски, дански и севернофризиски топоними. мини|Замокот Гликсбург, дом на данските кралеви мини|Денешна Данска и поранешните дански покраини Јужен Шлезвиг, Сканија, Халанд и Блекинге.

Јужен Шлезвиг (, ; ) — јужната половина на поранешното Војводство ШлезвигKathrin Sinner: Schleswig-Holstein - das nördliche Bundesland: Räumliche Verortung als kulturelles Identitäskonstruk, стр. 86 во Германија на полуостровот Јитланд. Географската област денес опфаќа голема површина помеѓу реката Ајдер на југ и Фленсбуршкиот Фјорд на север,Sønderjylland A-Å, Aabenraa 2011, стр. 364 каде се граничи со Данска. Северен Шлезвиг (во исти граници со поранешниот округ Јужен Јитланд) го образува најјужниот дел од Данска. Овој крај бил владение на Данската Круна сè додека Прусија и Австрија не ѝ објавиле војна во 1864 г. Данска сакала да ја предаде етнички германската област Холстен (Холштајн) и да ја повлече новата граница во реката Ајдер. Прускиот канцелар Ото фон Бизмарк заклучил дека ова е повод за војна, дури нарекувајќи ја „света војна“. За помош му се обратил на австрискиот цар Франц Јозеф I. Прусија не успеала во сличен обид во 1848 г. Но сега била опремена со современо оружје и со помошта од Австрија, а на чело со војсководецот Хелмут фон Молтке Постариот, данската армија била уништена и присилена да се повлече во неред. Пруско-данската граница била преместена од Елба во Јитланд до потокот Конгео.

По Првата светска војна се одржале два референдума за границата.German, Troels Fink: "Geschichte des schleswigschen Grenzlandes" Publisher: Munksgaard, Copenhagen 1958, стр. 178-192. Северниот Дел ѝ бил вратен на Данска како Северен Шлезвиг. Средниот и јужниот дел останале во Германија, вклучувајќи го Фленсбург/Фленсборг, тогаш единствен град во областа. Загубата на градот во Данска ја предизвикала Велигденската криза () во 1920 г. По Втората светска војна областа останала германска територија, и во 1948 г. заедно со Холштајн ја образувала новата покраина Шлезвиг-Холштајн како дел од СР Германија (Западна Германија).

Историја Краиштата на Шлезвиг северно од реката Ајдер и Килскиот Залив биле феуд на Данската Круна уште од раното средновековие. Јужната област Холштајн ѝ припаѓала на Франкија, а подоцна на Светото Римско Царство, но станала царски феуд на данските кралеви со Рипскиот договор од 1460 г.

Шлезвигхолштајнското прашање за првпат е доведено до критична точка за време на Револуциите од 1848 г. кога, од 1848 до 1851 г. побунетите етнички германските националлиберали потпомогнати од Прусија се бореле за одвојување на Шлезвиг и Холштајн од Данска во Првата шлезвишка војна. Иако состојбата останала непроменета, судирите продолжиле, и на 1 февруари 1864 г. пруските и австриските војски го преминале Ајдер, со што дошло до Втората шлезвишка војна, по која Данска морала да ги отстапи Шлезвиг и Холштајн по сила на Виенскиот договор од 1864 г. По Австриско-пруската војна од 1866 г. победничката Прусија воспоставила контрола врз целиот Шлезвиг и Холштајн, но согласно Прашкиот мир била обврзана да одржи референдум во Северен Шлезвиг, кој бил етнички дански. Сепак, референдумот не бил распишан.

По поразот на Германија во Првата светска војна, Версајскиот договор од 1919 г. распишал референдуми со кои е исцртана денешната германско-данска граница. Новата поделба стапила на сила на 15 јуни 1920 г. и го поделила Шлезвиг на јужен и северен дел, со значителни дански и германски малцинства на секоја страна.

Денес Јужен Шлезвиг е дел од германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, но како област, а не административна единица. Сочинет е од окрузите Шлезвиг-Фленсбург, Северна Фризија, безокружниот град Фленсбург и северниот дел на Рендсбург-Екернферде (некогашниот округ Екернферде со историската стотка Хонер).

Покрај стандардниот германски, се говорат шлезвишки долносаксонски, дански (стандарден или јужношлезвишки) и неговата јужнојитландска варијанта, како и севернофризиски на запад. Данскиот и севернофризискиот се службени малцински јазици. Многу од жителите кои говорат само германски не ја сметаат областа за различна од остатокот од Шлезвиг-Холштајн. Ова поимување го оспорува населението што се смета за Данци, Јужношлезвижани или Шлезвижани, особено историчарите и лицата што членуваат во установите на данското малцинство како Избирачкиот сојуз на Јужен Шлезвиг, политичка партија на данското и севернофризиското малцинство во Покраинското собрание на Шлезвиг-Холштајн која е изземена од изборниот цензус од 5 %. Многу презимиња во областа често имаат скандинавски облик со наставки како -сен.

Поважни градови во Јужен Шлезвиг се Фленсбург, Шлезвиг, Екернферде и Хузум.

Поврзано Северен Шлезвиг (Јужен Јитланд) Шлезвишки војни

Библиографија Lars Henningsen: Sydslesvigs danske historie, Flensborg 2013. Lars Henningsen: Zwischen Grenzkonflikt und Grenzfrieden , Flensburg 2011 Karen Margrethe Pedersen: Dansk sprog i Sydslesvig: det danske sprogs status inden for det danske mindretal i Sydslesvig, Institut for grænseregionsforskning Aabenraa 2000

Наводи

Категорија:Региони во Шлезвиг-Холштајн Категорија:Војводство Шлезвиг Категорија:Германско-дански односи