Круша или Карадаг — низок планински венец во средишниот дел на Егејска Македонија. По неа поминува границата помеѓу Кукушко и Солунско на запад и Серско на исток.

Положба, граници и делови Венецот се протега на југоисток од Дојранското Езеро до Струмскиот Залив на Егејското Море крај Аспровалта. Претставува остаток од понтската денудаци­она површина со средина висина од околу 600 метри, ограничена од североисток и исток од Серското Поле, а од југозапад од Солунското Поле. На југ Лагадинската Котлина ја двои Круша од масивот Хортач и планината Пијавица.

Делови Круша е планински венец сочинет од неколку слабо раздвоени масиви. За првпат е опишан од Васил К’нчов под името Карадаг.Кънчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Пътни бележки, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр. 35. Во средината на XX век е спомената од Димитар Јаранов како Круша. Грчките географи за Круша го сметаат крајниот северозападен дел на венецот, следниот на југоисток како Карадаг, а останатите по венецот до Струмскиот Залив ги сметаат за самостојни планини.

Одделните планински масиви се сместени од северозапад на југоисток вака:

Круша

Меѓу Дојранското и Бутковското езеро со највисок врв Круша на 860 м.н.в..

Карадаг

Одвоена е од Круша со сртот Дијасело (560 м). Лежи на исток од Кукуш и јужно од Бутковското Езеро. Највисок врв е Коџа Бали на 1.177 м.н.в..

Богданска Планина

Лежи на југ од Карадаг и нејзина приближна граница се долините на реките Копач Дере, десна притока на Струма и Богданица, која се губи во Лагадинското Поле на запад. Во средиштето на планината се наоѓа Мавровската Внатрепланинска Котлина, на чие дно лежат Мавровското и Ланџанското Езеро. Котлината дополнително ја дели Богданската Планина на три дела: Висока Планина и Сухо Планина на северозапад Бешичка Планина или Бешикдаг на југ.

Орсова Планина на исток.

Наводи

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Кукуш (општина) Категорија:Синтика Категорија:Долна Џумаја (општина) Категорија:Бешик