мини|Димитар Робев Димитар Робев (Охрид, 1822– 1890) — виден претставник на македонското граѓанство, застапник за создавање македонско кнежевство во времето на Источната криза. Се школувал во Јанина и во Атина. Се застапувал за еманципација на македонскиот народ од елинизмот и за обновување на Охридската архиепископија како автокефална црква. Се ангажирал за ослободување од затвор на браќата Миладиновци. Бил еден од основачите на Битолската црковно-училишна општина. Помогнал околу изградбата на народноопштинските цркви „Св. Недела“ (1863) и „Св. Богородица“ (1871) во Битола. Пратеник во Османлискиот парламент (1876).

Родот Робевци

Категорија:Родени во 1822 година Категорија:Починати во 1890 година Категорија:Робевци Категорија:Македонски стопанственици