Светски контролен список на избрани растителни семејства (, WCSP) — поранешна меѓународна соработна програма која нудела најнови рецензирани и објавени податоци за прифатените научни имиња и синоними на избрани растителни семејства. Со неа управувале Кралските ботанички градини во Кју, Англија, кои на мрежно место нуделе пребарување на семејства, родови и видови, како и можноста за создавање на контролни списоци.

Историја Проектот води потекло од 1990-тите со работата на истражувачот Рафаел Говарц на контролен список родот даб (Quercus) во Кју. Проектот се проширил под влијание на Глобаланта стратегија за зачувување на растенијата. Во јануари 2013 г. биле опфатени 173 семејства на семени растенија. Coverage of monocotyledon families was completed and other families were being added.

На крајот од октомври 2022 г. мрежното место на WCSP заедно со она на Светскиот контролен список на васкуларни растенија (WCVP) биле затворен, и податоците префрлени во базата Plants of the World Online (POWO).

Слични проекти Постои придружен project наречен Меѓународниот индекс на растителни имиња (IPNI), каде исто така е вклучен Кју. IPNI дава поединости за објавените имиња во трудови, а не да одредува кои имиња се прифатливи. По едногодишно одложување новообјавените имиња биле автоматски префрлени од IPNI во WCSP. WCSP исто така е една од базите кои влегле во базата The Plant List, создадена од Кју и Ботаничката градина на Мисури; таа е пуштена во 2010 г. а подоцна заманета од World Flora Online.

Поврзано Индекс на имиња на австралиски растенија Конвенција за биолошката разновидност Plants of the World Online The Plant List Tropicos Викивидови

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бази на биолошки податоци Категорија:Ботаничка номенклатура Категорија:Таксономија на растенијата