мини|десно|200п|Многулистен волчјак (Lupinus polyphyllus): домороден во западна Северна Америка но внесен и инвазивен на неколку подрачја низ светот. Домороден вид или автохтон вид — поим во биогеографијата кој означува вид кој природно е застапен во некое подрачје или екосистем ако неговото присуство на тоа подрачје е производ на природна еволуција без вмешаност на човекот.

Еден див организам (наспроти припитомен) се нарекува внесен вид на подрачјата кајшто е донесен од човекот. Ако внесениот вид предизвикува значителна еколошка и стопанска штета, тогаш тој се смета за инвазивен вид.

Видот кој е домороден на некое место не мора да биде ендемски. Ендемски видови се оние кои се присутни исклучиво на тоа место. Исто така не мора да значи дека домородниот или ендемскиот вид водат исконско потекло или еволуирале на местото кајшто се наоѓаат денес.

Поим Поимот за домородност е често замаглен бидејќи е условен од времето и државните граници. Со текот на долг временски период месните услови и обрасците на преселба се менуваат, а тектонските плочи се поместуваат, спојуваат и одвојуваат. Природните климетски промени (кои се побавни од човечки предизвиканите) ги менуваат морското ниво, ледената покривка, температурата и врнежите, што предизвикува непосредни промени во условите за живот и посредни промени со присуството на грабливци, конкуренти, храна, па дури и кислород. Видовите природно се појавуваат, размножуваат и истрајуваат, или пак изумираат, па затоа нивната распределба не е неменлива или вечно ограничена на едно географско подрачје.

Се смета дека поимувањето за домородни видови треба да биде понијансирано, и да се воведе категорија на праисториски домородни видови кои биле присутни на подрачјето во праисторијата, но подоцна претрпеле месно изумирање предизвикано од човечки причинители.

Екологија мини|Двобојната жаба (Clinotarsus curtipes) е домородна во Западните Гати во Индија и не се среќава никаде другаде (ендемски вид). Домородните видови образуваат заедници и биолошки заемодејства со други растенија, животни, габи и др. организми. На пример, некои растенија можат да се размножуваат само со постојани мутуалистички односи со извесни животни опрашувачи, а животното може да биде зависно од растението како извор на храна. Многу видови се приспособени на мошне ограничени, необични или сурови услови како студ или чести шумски пожари. Други можат да живеат на разновидни места и добро се прилагодуваат на разни околности.

Влијание на човекот Разновидноста на видовите ширум светот постои само поради тоа што биорегионите се одвоени од препреки, особено големи реки, мориња, океани, планини и пустини. Човекот може да донесе видови кои никогаш не се сретнале во нивната еволутивна историја. Воведувањето на видови денес има поголеми размери отколку во историското минато, и застапниците за зачувување на природата гледаат на инвазивните видови како на закана по домородните видови.

Видовите кои човекот ги внесува на нови места за земјоделски цели или ги нанамерно ги пренесува имаат потенцијал да станат инвазивни и штетни за домородните заедници (иако не сите). Инвазивинте видови имаат далекусежни последици врз екосистемите со тоа што ја менуваат нивната структура, функциите, бројноста и составот на заедниците. Освен еколошката штета, овие видови може да бидат штетни по земјоделството инфраструктурата и културните добра. Државните установи и еколошките организации посветуваат сè повеќе ресурси за решавање на овој проблем.

Заштита и проблеми Постојат разни организации кои се залагаат за повраток на матичните видови на едно подрачје. Истите, на пример, ги поттикнуваат луѓето да садат домородни видови за сметка на внесените. Владините агенции прават напори со природозаштитни мерки за да ја сочуваат или обноват еколошката средина која го условила развојот на старите домашни видови.

Кога се спроведуваат проекти за еколошка обнова на матичен екосистем пореметен од стопански развој и други случувања, сознанијата за изворната состојба може да бидат неточни, нецелосни или да ја занемаруваат верноста на екотиповите.Travis Longcore, Rudi Mattoni, Gordon Pratt, and Catherine Rich, "On the perils of ecological restoration and the El Segundo blue butterfly", in press, for 2nd Interface Between Ecology and Land Development in California. Occidental College, April 18-19, 1997 Online. Треба да се внимава на обновата на изворниот екосистем со придружување кон основните начела на околинската поправка. Прв чекор од суштинско значење за еколошкиот интегритет на проектот е да се обрати внимание на историската распределба на домородните видови. Еден лош пример за постапувањето со околината е намерата на властите да спречат ерозија од преобликуваните песочни дини крај аеродромот во Лос Анџелес во 1975 г. кога пределните уредувачи ги стабилизирале потпорните дини со „природна“ мешавина од семиња (Mattoni 1989a). За жал, наместо семиња од динските шикари, биле земени семиња од крајбрежните жалфиини шикари кои не припаѓале таму. Поради тоа пеперутката елсегундовски бакарец (Euphilotes allyni) станала загрозен вид. Нејзината популација почнала да се враќа е искоренета инвазивната калифорниска хелда (Eriogonum fasciculatum), така што домородниот домаќин на пеперутките, динската хелда (Eriogonum parvifolium), успеала да го поврати изгубеното живеалиште.

Поврзано Ендемски вид Внесен вид Инвазивен вид

Наводи

Категорија:Биогеографија Категорија:Еколошки поими