Честерска или чеширска голема повелба ― повелба за права издадена во 1215 година во стилот на Големата повелба. Повелбата првенствено се занимава со односот помеѓу Ерлот на Честер и неговите барони, иако последниот член наведува дека бароните мора да дозволат слични отстапки на своите закупувачи.
Позадина мини|Местоположбата на Ерлството Честер (виолетова боја).Wrexham County Borough Council: The Princes and the Marcher Lords Ранимидската повелба за слободи не се однесувала на округот Честер, кој во тоа време бил посебен феудален посед. На барање на неговите барони, ерлот на Честер, Ранулф III, ја издал својата повелба. Сличностите помеѓу многу од членовите во Честерската голема повелба и оние во Големата повелба, укажуваат дека таа била напишана откако кралот Џон ја издал втората на 19 јуни 1215 година.
Во раните 1200-ти, ерлството Честер било единствениот окружен палатин на велшките марки; Ранулф III владеел со Честер како посебен феудален посед. Неговите барони што живееле надвор од Чешир биле нарекувани негови „витези од Англија“. Во ракописот од крајот на 12 век, „За пофалбите на Честер“ (De laude Cestrie), Лусијан Честерски го опишал округот како послушно, „повеќе на мечот на својот принц отколку на круната на кралот“.
Ранулф III му бил верен на кралот за време на Првата баронска војна и ја поддржувал Големата повелба. Ранулф III, Вилијам Маршал, ерлот на Дерби и ерлот од Ворвик биле најмоќните поддржувачи на кралот. Во 1215 година, Ранулф бил еден од ретките големци кои служеле како сведок на Големата повелба.
Пред смртта на Џон во 1216 година, бунтовничките барони му го понудиле престолот на Англија на принцот Луј VIII Француски. Луј пристигнал во Англија без противник во летото 1216 година и го освоил Винчестер. Ранулф бил отворен поддржувач на повторното издавање на Големата повелба по повлекувањето на Луј во 1217 година. Тој, исто така, бил сведок на повторното издавање на Ранимиската голема повелба во 1225 година. Неговата општа поддршка за Големата повелба на Џон го прави издавањето на негово сопствено неизненадување.
Содржина Повелбата е запишана како издадена „по барање на бароните од Чешир“ што укажува дека тие биле доволно незадоволни што Ранулф III се обидел да ги смири пред да го земе крстот.
Повелбата има 13 членови, за разлика од 60-те од Големата повелба.
Членови 1 и 4 Неколку членови пристапуваат кон прашањата што се наоѓаат во ранимидската повелба, но на поинаков начин. Членовите 1 и 4 се занимаваат со спротивставените барања на ерлскиот двор и баронските судови за надлежност над закупците што живеат на баронски имоти. Член 1 го признава правото на ерлот да суди за најсериозните прекршоци, но Членот 4 им дозволува на обвинетите од неговиот двор да се изјаснат негирачки (т.н. , во превод „го негирам сето тоа“), според кој обвинетиот би бил ослободен под надлежност на нивниот барон.https://magnacartaresearch.org/read/feature_of_the_month/May_2015
Членови 2 и 3 Членовите 2 и 3 се однесуваат на системот според кој бегалците-злосторници надвор од округот, вклучувајќи ги и оние што бегаат од правдата, можеле да најдат засолниште на имотите на ерлот или неговите барони. Ова било придружено со обврска од страна на машките бегалци да обезбедат работна сила и воена служба.
Членови 5 и 6 Член 5 ги ограничува казните што може да ги примени ерлскиот суд, но Греам Вајт тврди дека ова се однесува само на специфичното отсуство на судиите и додворувачите; многу поограничен контекст од оној наведен во членовите 20 и 21 од Големата повелба. Член шест дава различни права во рамките на шумите во Чешир: да се зазема, да се обработува земјиште и да биде продавано мртво дрво. Член 8 ги штити вдовиците и наследниците, но не споменува конкретно старателство.
Член 9 Член 9 го покренува прашањето според кое живеењето во град во текот на една година и еден ден би обезбедило поединечна слобода од виланите. Преселба од селските краишта кон Честер - кој просперирал како пристаниште по стекнувањата на Хенри II во Ирска - била од интерес за бароните од Чешир, кои сакале да им бидат јасно дефинирани нивните права за враќање на своите вилани.
Член 10 Член 10 се однесува на ограничувањата на воената служба и должноста за чувар на замоци, слично на членовите 16 и 29 од Големата повелба. Сепак, Член 10 навлегува во ниво на подробности што доликува на погранична област навикната на закани или вистински напади од Велшаните. Значајни точки овде вклучуваат третман на Лајм како граница над која витезите од Чешир не се обврзани да се борат и очекувањето дека сместувањето во Честерскиот замокот треба првенствено да потпадне врз основа на такси за чест надвор од округот.
Член 11 Член 11 ги ограничува одредбите што можат да ги побараат службените лица. Оваа членка наликува на член 28 од Големата повелба, иако Чеширската повелба се насочува конкретно на правата на патувачките службеници за спроведување на законот.
Член 12 Член 12 од повелбата нема еднаков член во Големата повелба. Ранулф III бил сосема среќен да ги наведе петициите што ги отфрлил, од кои повеќето биле поврзани со аспирациите на одредени поединци или групи на интереси, а не со баронската заедница како целина.
Споменатиот управител бил Роџер де Монталт, кој поседувал земјиште на југозападната страна од естуарот Ди; тој бил во добра положба да заработува од несреќите на бродовите што го користеле пристаништето Честер. Референцата за „трчањето на нивните зајаци во шумата на пат кон или враќање од Честер како одговор на повик“, наведува дека бароните се надевале дека ќе има лов секогаш кога ќе бидат повикани во Честер.
Споредба со Големата повелба Многу фрази во Чеширската повелба се слични на оние во Големата повелба и се чини дека се прилагодени од неа. Член 1 во Чеширскта повелба се однесува на „молби на мечот“ (exceptis placitis ad gladium meum pertinentibus), слично на Член 1 од „молбите на Круната“ на Големата повелба. Слично, членовите 1 и 4 завршуваат со упатувања на приватен тужител и сведоци, соодветно, напоредно со одредбите од член 38 на Големата побелба за да бидат спречени неосновани обвинувања од страна на месните службеници.
Член 6 им дава на бароните од Чешир права во рамките на шумите во Чешир да: расчистуваат шума; обработуваат земја; и продаваат мртво дрво. За разлика од „члеоновите за шуми“ од Големата повелба (44, 47 и 48), не се споменува обесшумување или ограничување на службените лица.
Член 8 ги штити вдовиците и наследниците, но не споменува конкретно старателство. Членот е толку краток што наведува дека гневот што го поттикнал член 2-8 од Големата повелба не ги засегал толку многу чеширските барони.
Член 13 ја содржи најсилната врска со Големата повелба, со нејзиното наложување дека „сите обични витези и слободни закупци од целиот Чешир“ треба да уживаат ист третман од бароните, како што бароните би имале од грофот. Ова е напоредно со Член 60 од Големата повелба, кој ги проширува своите концесии на „сите луѓе од нашето владение“.
Повторно издавање Кога Големата повелба била повторно потврдена во 1300 година од страна на Едвард I, Ерлството Честер веќе му припаѓало на кралот 63 години, па затоа Големата повелба била применувана во Чешир. Сепак, Чеширскта повелба била потврдена и на 30 март 1300 година. Повелбата претходно била повторно издадена на 27 август 1265 година, по Битката кај Евешам за да биде награден округот за неговата поддршка.
Наводи
Фусноти
Цитирани дела
Дополнителни извори
Свалоу, Рејчел. 2014. „Порти кон моќта: Замоците на Ранулф III од Честер и Ливелин Велики од Гвинед“, Археолошки журнал, том 171, стр. 291–314. Summary of the Magna Carta of Cheshire од Греам Вајт, со преводи од Џонатан Пеплер Категорија:Повелби Категорија:Историја на човековите права Категорија:Англија во 1215 година Категорија:Историја на Чешир Категорија:Политичка историја на средновековна Англија Категорија:Средновековно англиско право Категорија:Средновековни повелби и каруларии во Англија Категорија:Голема повелба Категорија:Правото во 1210-тите