Јавна сила — сила која е легитимна и легализирана употреба на физичка сила со цел да им служи на јавните интереси.

Терминот е широко и лабаво дефиниран. Јавната сила може да се однесува или на полициски или на воени сили.

Оригинална употреба на терминот Првата употреба на концептот на јавна сила, во француската „Јавна Сила“, била во Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година.

Член XIII - За одржување на јавната сила и за трошоците на администрацијата, неопходен е заеднички придонес; тој мора да биде подеднакво распределен меѓу сите граѓани, врз основа на нивните способности [т.е. способност за плаќање].

Декларацијата имала за цел да го регулира односот помеѓу граѓанинот и легитимната употреба на насилство. За разлика од сличните декларации за права од англосаксонските земји, акцентот е ставен на должноста на граѓанинот да придонесе за постоењето на таква сила, а не на правата на граѓанинот во однос на таквата сила.

Понатамошна употреба на терминот Концептот се користел и во други земји, како на пр. во Шестиот говор за состојбата на нацијата на Томас Џеферсон.

„Јавна сила“ било насловот на колонијалната армија и жандармеријата на Слободната Држава Конго и Белгиско Конго од 1885 до 1960 година.

Терминот се користи како ознака за полициски или воени сили во други земји, како на пр. Панама и Костарика, и најчесто се користи како концептуален термин во неколку земји, на пр. Франција и Мароко.

Наводи es:Force Publique fr:Force publique hu:Force Publique nl:Force Publique ja:公安軍 (コンゴ)

Категорија:Насилство Категорија:Историја на човековите права Категорија:Политички теории