Петицијата за права, усвоена на 7 јуни 1628 година, била англиски уставен документ што утврдувал специфични индивидуални заштити од државата, наводно со еднаква вредност како Магна Карта и Повелбата за права од 1689 година. Таа била дел од поширок конфликт меѓу Парламентот и Стјуартската династија што довел до Војните на трите кралства од 1639 до 1653 година, кои конечно биле решени во Славната револуција од 1688–89 година.
По низа спорови со Парламентот околу доделувањето даноци, во 1627 година Чарлс I вовел „принудни заеми“ и ги затворил оние кои одбивале да платат, без судење. Потоа, во 1628 година, следела воена состојба, принудувајќи ги граѓаните да ги хранат, облечат и сместуваат војниците и морнарите, што имплицирало дека кралот можел да го лиши секој поединец од имот или слобода без оправдување. Тоа ја обединило опозицијата на сите нивоа на општеството, особено оние елементи од кои монархијата зависела за финансиска поддршка, собирање даноци, спроведување правда итн., бидејќи богатството едноставно ја зголемило ранливоста.
Комитетот на Долниот дом подготвил четири „резолуции“, прогласувајќи ја секоја од нив за нелегална, додека повторно ги потврдувал Магна Карта и хабеас корпус. Чарлс претходно зависел од Домот на лордовите за поддршка против Долниот дом, но нивната подготвеност да соработуваат го принудила да ја прифати Петицијата. Тоа означило нова фаза во уставната криза, бидејќи станало јасно дека многумина во двата дома не му веруваат нему, ниту на неговите министри, да го толкуваат законот.
Позадина Јаков I починал на 27 март во 1625 годин, а него го наследил неговиот син, Чарлс I. Триесетгодишната војна било неговото најважно пражање во надворешната политика, особено враќањето на наследните земјишта и титули на протестантот Фредерик V, изборен кнез Палатин, кој бил во брак со сестрата на Чарлс, Елизабета. лево|мини|Рандолф Кру, главниот судија на Кралската клупа, кој бил разрешен од Чарлс I затоа што одбил да ги прогласи „присилните заеми“ за легални.
Процедура на донесување на законот лево|мини|Едвард Коук, поранешен главен судија кој го водеше Комитетот што ја составил Петицијата и стратегијата штобила усвоена И покрај тоа што биле едногласно прифатени од Долниот дом на 3 април, Резолуциите немале правна сила и биле отфрлени од Чарлс. Тој презентирал алтернатива; закон со кој се потврдува Магна Карта и шест други статути поврзани со слободата, под услов да не содржи „проширување на претходните закони“. Долниот дом одбил, бидејќи Чарлс само ги потврдувал утврдените права, кои веќе покажале дека е спремен да ги игнорира, иако тоа сè уште ќе му овозможи да одлучи што е законско.
Одредби Откако навеле список на индивидуални жалби и статути што биле прекршени, Петицијата за правата изјавува дека Англичаните имаат разни „права и слободи“ и предвидувал дека никој не треба да биде принуден да дава подарок, заем или данок без Закон на Парламентот, дека ниедно слободно лице не треба да биде затворено или притворено освен ако не е докажана причина и дека војниците или членовите на Кралската морнарица не треба да бидат сместени во приватни куќи без слободна согласност на сопственикот. мини|Чарлс I, околу 1628 година
Наводи
Категорија:Повелби Категорија:Англија во 17 век
Категорија:Историја на човековите права