The Wall Street Journal (се изговара: Вол стрит џурнал) — дневен американски деловен весник на англиски јазик. Се издава во Њујорк од компанијата Dow Jones & Company, која е дел од холдинг-компанијата News Corp, уште од 1889 г.
The Wall Street Journal е едно од најголемите и највлијателните американски изданија. Во 2010 г., дневниот тираж на весникот изнесувал 2,1 милион примероци и 400 илјади платени претплати на интернет. Во него се објавуваат вести од политиката, економијата, финансиите, аналитиката и културата.
Името на весникот е директно поврзано со Вол стрит, улицата во Њујорк и финансиски центар на САД. Самиот весник е посветен првенствено на американските и меѓународните деловни и финансиски вести. До 2017 г. постоеја европско (The Wall Street Journal Europe) и азиско (The Wall Street Journal Asia) издание на весникот.
The Wall Street Journal (WSJ) е англојазичен меѓународен дневен весник, издаван од Dow Jones & Company во Њујорк, со азиски и европски изданија. Во 2007 г., неговиот меѓународен дневен тираж изнесувал повеќе од 2 милиони примероци и приближно 931.000 платени онлајн претплатници. До ноември 2003 г., весникот имал најголем тираж во САД, сѐ додека не го престигнал USA Today. Негов главен конкурент денес е лондонскиот Financial Times, кој исто така објавува неколку меѓународни изданија.
WSJ првенствено ги покрива настаните во САД и меѓународниот бизнис, финансиските вести и прашања — името на весникот потекнува од Вол стрит, улицата во Њујорк која е срцето на финансискиот кварт. Весникот се печати непрекинато од своето основање на 8 јули 1889 година од страна на Чарлс Доу, Едвард Џонс и Чарлс Бергстресер. Весникот има освоено 33 Пулицерови награди.
Иднината на WSJ била предмет на широка дебата по купувањето на „Дау Џонс“ од страна на Руперт Мердок и неговата компанија News Corporation. Уредникот Маркус Брочли, ветеран во весникот со 20-годишно искуство, се сомневал дека Мердок ќе може да направи длабоки промени во весникот.
Почетоци Dow Jones & Company, издавачот на WSJ, бил основан во 1874 г. од страна на известувачите Чарлс Доу, Едвард Џонс и Чарлс Бергстресер. Џонс го преобразил малиот Customers' Afternoon Letter во The Wall Street Journal во 1889 г. и почнал да ги дистрибуира пораките на Информативната служба „Дау Џонс“ преку телеграф.
Весникот го нашол својот современ облик и истакната положба во 1940-тите години, за време на индустриското ширење на САД. Бернард Килгор бил назначен за главен уредник на весникот во 1941 г. и претседател на компанијата во 1945 г. Токму Килгор бил иницијатор на конкретниот дизајн на насловната страница со неговиот преглед „Што има ново?“. Неговата стратегија за национална распределба довело до пораст на тиражот од 33.000 примероци во 1941 г. до 1,1 милион во времето на неговата смрт во 1967 г.
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Економија на САД