Ликотрипа или Мегали Рахи (, Μεγάλη Ράχη) — планина во Гребенско, Егејска Македонија. Претставува дел од поголемиот венец Пинд.
Опис Ова е мала планина во западниот дел на Гребенско, дел од венецот Северен Пинд. Опкружена е од реката Венетик, која ја одделува од Орљачка Планина на север и Љагуна на северозапад. Од Карали на југоисток е одделена со Монахитскиот Превој и реките Палјамбела и Керасија.
Карпите на планината се конгломерати, песочници и лапорци.
Врвот лесно може да искачи од с. Монахит (1.000 м).
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Ликотрипа, Мегали Рахи Λυκότρυπα, Μεγάλη Ράχη 1.259 Мегали Петра Μεγάλη Πέτρα 1.072 Стурнарија Στουρνάρια 1.065–980 Гимни Γυμνή 940
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Пинд Категорија:Гребен (општина)