„Виножитото на гравитацијата“ (англиски: Gravity’s Rainbow) — роман на американскиот писател Томас Пинчон од 1973 година. Книгата е посветена на Ричард Фариња.
Содржина Прв дел: По нултата точка Во Лондон, неколку офицери се опседнати со откривањето на тајната на германските ракети В-2. Еден од нив е американскиот поручник Тајрон Слотроп кој работи за една разузнавачка служба. Роџер Мексико, статистичар кој работи во друга воена агенција, се обидува да создаде статистички модел кој ќе ги предвиди експлозиите на В-2. Д-р Поинтсман е невролог кој спроведува експерименти во една лабораторија. Неговото внимание го привлекува Слотроп чија мапа со местата на неговите љубовни авантури се поклопува со експлозиите на В-2. Истовремено, во Холандија, капетанот Блицеро ги испалува ракетите кон Британија, а слободното време го исполнува со садомазохистички игри со еден војник и со девојката Катје Боргезиус. Таа, пак, соработува со британската разузнавачка служба и по некое време, капетанот Џефри Прентис ја повлекува во Лондон.Tomas Pinčon, Duga gravitacije, Dereta, Beograd, 2019, стр. 7-221
Втор дел: Un Perm’ au Casino Hermann Goering Слотроп се наоѓа во Монте Карло, каде прибира информации за ракетата В-2. Еден ден, на плажата ја запознава Катје, а ноќта, додека водат љубов, некој му ги краде облеката и сите лични работи. Во неговата околина постојано се менуваат разни луѓе и така тој заклучува дека го следат разузнавачките служби. Слотроп и Катје стануваат љубовници, но еден ден таа ненадејно си заминува. Слотроп го запознава Вексвинг, познат припадник на подземјето, кој му помага да отпатува во Цирих со фалсификувани документи. Таму, Слотроп го запознава аргентинскиот анархист Сквалидоци. Иако насекаде го следат тајните агенти, сепак Слотроп успева да им побегне.Tomas Pinčon, Duga gravitacije, Dereta, Beograd, 2019, стр. 223-339.
Трет дел: Во зоната Слотроп доаѓа во Нордхаузен во потрага по информации за ракетата В-2 при што пронаоѓа траги за соработката на татко му со германските хемиски фирми во 1920-тите. Користејќи лажни документи, тој влегува во подземната фабрика за производство на В-2, а таму, мајорот Марви (кој го бара насекаде) се обидува да го зароби, но Слотроп се спасува со помош на еден германски инженер. Набргу започнува љубовна врска со девојката Гели Трипинг, која пак му е љубовница на советскиот мајор Васлав Чичерин. Тој насекаде го бара Енцијан, поранешен припадник на т.н. Шварцкоманда, составена од од Африканци во редовите на германската војска. Имено, Енцијан е вонбрачен син на татко му на Чичерин, така што потрагата на Чичерин има лична основа. Во меѓувреме, во Германија пристига и анархистичката група на Сквалидоци кого го гони полицијата. Тој го запознава Веквинг кој му помага да се скрие, а потоа групата на Сквалидоци заминува во Бремен. Во овој дел се проследува и животната приказна на Пеклер, поранешен работник од Берлин чија жена (левичарка) го напушта, а потоа завршува во логор заедно со нивната ќерка Илсе. Пеклер е љубител на науката и се вработува на проектот за изработка на ракетата В-2. Одвреме-навреме, него го посетува Илсе, а пред крајот на војната оди во логорот со цел да ги најде жената и ќерката, но без успех. Слотроп заминува во Берлин со воздушен балон и за време на летот повторно е нападнат од мајорот Марви, но пак успева да избега. Во Берлин, Слотроп се запознава со луѓе од подземјето, кои го испраќаат во Потстдам со задача да земе големо количество хашиш, закопан во дворот на вилата во која е сместена американската делегација на мировната конференција. Слотроп го пронаоѓа хашишот, но е уапсен од мајорот Чичерин, кој по кратко време го ослободува со намера да го следи понатаму. Слотроп се освестува во напуштено филмско студио, каде ја запознава глумицата Маргерита (Грета) Ердман со која потоа живее заедно во Берлин. Слотроп и Грета ја пронаоѓаат нејзината ќерка Бјанка на бродот „Анубис“ кој плови кон Полска. Таму, Слотроп води љубов со Бјанка, која потоа исчезнува. Додека бродот плови кон Шчеќинскиот залив, Слотроп паѓа во морето, но го спасува една позната група криумчари. Така, Слотроп го запознава кралот на црната берза, познат како Der Springer. Кога бродот се усидрува на островот Пенеминде (поранешниот центар за лансирање на ракетите В-2), советската војска го заробува Шпрингер, но Слотроп и пријателот на Шпрингер го ослободуваат. По бегството, тие го напаѓаат „Анубис“ по што Слотроп го напушта друштвото на Шпрингер и скита по балтичкиот брег на Германија, каде во едно мало место го среќава мајорот Марви кој не го препознава. Тогаш, Слотроп дознава дека Марви и Чичерин планираат да ги нападнат припадниците на Шварцкомандата кои ги предупредува за опасноста. Подоцна, во близината на Куксхафен, него го гони советската војска, но повторно успева да се спаси и доаѓа во детскиот град Цволфкиндер, каде се запознава со Пеклер. За време на престојот во Куксхафен, Слотроп го гони и британската воена полиција. Имено, Поинтсман испраќа двајца воени лекара со задача да го кастрираат Слотроп, но по грешка, тие го фаќаат мајорот Марви.Tomas Pinčon, Duga gravitacije, Dereta, Beograd, 2019, стр. 341-734.
Четври дел: Контрасила Војната завршува, а Слотроп живее осамен во планините, додека легендата за Ракетниот човек се шири во околината. Откако го напушта љубовницата Џесика, Роџер Мексико заминува во Куксхафен со намера да го спаси Слотроп за кого дознава дека уште пред војната бил контролиран од познатиот хемиски концерн ИГ Фарбен. Катје се среќава со Енцијан со кого разменува спомени за Вајсман (капетанот Блицеро), одговорниот за изградбата на ракетата В-2. Припадниците на народот Хереро, кои ја сочинувале Шварцкомандата, насекаде ги бараат деловите од В-2 потребни за да состават своја ракета. Во меѓувреме, во советската окупациска зона пристига агент кој ја сопира Чичериновата потрага по Енцијан. Водена до љубовта кон него, Гели Трипинг упорно го бара Чичерин и најпосле го пронаоѓа скриен под еден мост. Тогаш, тој накратко го среќава својот полубрат Енцијан, иако не знае дека е тој. Слотроп, пак, се наоѓа во околината на Магдебург и никој не знае што се случува со него.Tomas Pinčon, Duga gravitacije, Dereta, Beograd, 2019, стр. 735-906.
Осврт кон делото „Виножитото на гравитацијата“ (кој првобитно требало да се вика „Безумни задоволства“) е третиот роман на Пинчон и често се нарекува Голем американски роман кој најчесто се споредува со „Моби Дик“ и со „Уликс“. Идејата за романот ја добил во 1963 година, додека го пишувал своето дебитантско дело „В.“. Според сведочењето на Стивен Вајсенбергер, романот бил напишан на инеженерска милиметарска хартија. Во романот, Пинчон постмодернистички го плете дејствието, врзувајќи ги нишките паралелно наместо последователно, водејќи ги бројните главни и споредни ликови низ разурнатата Европа во последната година од Втората светска војна, но служејќи се со бројни аналепси, нивното движење се прикажува и пред овој период, придонесувајќи за сложената структура на романот. Не случајно, дејствието се одвива во текот на девет месеци во кои авторот ги спојува раѓањето и смртта, крајот и реинкарнацијата, параболата и кругот, минатото и иднината.Nina Muždeka, Sve je povezano: Parabola, mandala i iznevereno obećanje spasenja u Pinčovoj Dugi gravitacije“, во: Tomas Pinčon, Duga gravitacije, Dereta, Beograd, 2019, стр. 907-908.
Дејствието на првиот дел се одвива кон крајот на Втората светска војна, во текот на девет дена, почнувајќи од 18 декември 1944 година до 26 декември истата година. Овој дел го сочинуваат 21 епизода, што претставува алузија на играта тарот, а насловот „По нултата точка“ асоцира на Лудата или нултата карта. Воопшто, нулата се појавува многупати во романот при што 00000 е серискиот број на таинствената прва ракета од типот В-2 по која трага главниот лик Тајрон Слотроп. Теоретско-филозофската рамка на романот го сочинуваат христијанството, таротот, психологијата и парапсихологијата. Мешајќи ги науката, технологијата, религијата и окултните учења, Пинчон ги соочува, спојува и преиспитува разните модели на толкување на стварноста, внимавајќи да не се определи за ниеден од нив. Во продолжение, во романот има бројни референци на филмското творештво на Фриц Ланг, кој ги проучувал влијанието на технологијата врз современиот живот, влијанието на структурите на моќта врз поединецот и неговиот обид да го пронајде своето место во светот во кој излузијата се испреплетува со стварноста. Инаку, секој дел од романот е поврзан со некој зодијачки знак, а романот бил објавен на 28 февруари 1973 година, во астролошкиот период Риби. И сите настани од првито дел се под влијание на овој астролошки знак: психолошко-разузнувачката агенција го носи латинскиот назив за риби (PISCES); овој знак најчесто се поврзува со смртта, разурнувањето, војната, допирот со оностраното итн. Освен тоа, многу настани во романот се одвиваат на преминот меѓу знаците Риби и Овен. Вториот дел од романот завршува во мај 1945 година и се наоѓа под влијанието на знакот Овен. Третиот дел се одвива од мај до 6 август 1945 година, т.е. на Преображение според католичкиот црковен календар. Четвртиот дел ги поврзува испалувањето на ракетата 00001 со ракетата 00000 и со Блицеровото жртвување на војникот Готфрид на Велигден 1945 година. При крајот на романот, авторот нè води во 1970-тите, во кино-салата „Орфеј“ чиј управник е сатиричната верзија на Ричард Никсон. Тогаш, филмската лента се прекинува, што аосцира на заклучокот дека животот е само филмска претстава, а на тоа упатуваат и графичките ознаки со кои се одделени епизодите во романот (седум квадрати).Nina Muždeka, Sve je povezano: Parabola, mandala i iznevereno obećanje spasenja u Pinčovoj Dugi gravitacije“, во: Tomas Pinčon, Duga gravitacije, Dereta, Beograd, 2019, стр. 908-911. Четирите дела на романот можат да се толкуваат и како мандала чии квадрати се одбележени со христијанските празници, но и со клучните историски настани кои во текот на 1944-1945 се поклопиле со овие празници. Додека параболичната патека на ракетата го означува уништувањето, кругот на мандалата, како синтеза на спротивностите, ја означува идејата на враќањето и обновувањето. Ракетата В-2 претставува централен знак во романот, која критичарите ја нарекуваат и централен фетиш, ја претставува основата на апокалиптичната атмосфера. Проблематизацијата на редоследот на причините и послециците се поставува уште на почетокот од романот и потоа се провлекува низ него низ бројни варијации. Притоа, Пинчон не нуди никакво решение, спасоносно жртвување за општото добро, утеха или спас, а апокалиптичните настани се проследени со комични сцени, со колоквијален говор и со мешање на уметноста и индустријата за забава. Во него има бројни културни референци на поезијата на Рилке, американскиот и германскиот филм, инженерските, технолошките и научните прирачници, музичките жанрови и кабалистичките текстови. На тој начин, овој роман се чита како енциклопедија, како трагедија и комедија, како сатиричен и субверзивен текст, како наратив на апокалипсата и инвазијата. Освен формалната поделба на четири дела и 73 епизоди, романот изобилува со долги прекини, со честа употреба на развлеченото и (и-и), со употрена на четири точки наместо три, со употреба на мала буква по прашалникот. Најпосле, доследно на идејата дека крајот всушност значи почеток, романот не завршува со точка туку со цртичка. Во 1974 година, романот бил номиниран за Пулицеровата награда за книжевност, но иако жири-комисијата сметала дека заслужува да ја добие наградата, одборот на старателите на наградата бил незадоволен поради „нечитливоста и опсценоста“ на текстот, така што таа година не била доделена Пулицеровата награда во оваа категорија. Австриската писателка Елфриде Јелинек (која го превела романот на германски јазик), често го нагласува влијанието на ова дело врз нејзиното творештво.Nina Muždeka, Sve je povezano: Parabola, mandala i iznevereno obećanje spasenja u Pinčovoj Dugi gravitacije“, во: Tomas Pinčon, Duga gravitacije, Dereta, Beograd, 2019, стр. 911-914.
Наводи