„Протестна психоза: Како шизофренијата стана црна болест“ (изворен наслов: „The Protest Psychosis: How Schizophrenia Became a Black Disease“) ― книга од 2010 година, од психијатарот Џонатан Мецл (кој има и докторат по американски студии), објавена од Beacon Press, која ја опфаќа историјата на државната болница „Јонија“ од 1960-тите, сместена во Јонија, Мичиген, и претворена во поправен дом „Јонија“ во 1986 година. Книгата ја опишува установата како една од најголемите и најозлогласените државни психијатриски болници во Соединетите Држави во времето пред деинституционализацијата.
Мецл се насочува на разоткривање на историјата на болницата за непропорционално дијагностицирање на тамошните црнци со шизофренија поради нивната поддршка за граѓанските права. Тој наведува дека делумно ненадејниот прилив на вакви дијагнози може да биде проследен до промена во формулацијата во „Дијагностичкиот и статистички прирачник - II“, која во споредба со претходното издание додало „непријателство“ и „агресија“ како знаци на нарушувањето. Мецл пишува дека оваа промена резултирала со структурен расизам.
Книгата била добро рецензирана во списанието „JAMA“, каде што била опишана како „фасцинантна, пробивачка книга од еден од најисклучителните млади изучувачи во медицината“. Книгата била рецензирана и во American Journal of Psychiatry, Psychiatric Services, Transcultural Psychiatry, Psychiatric Times, The American Journal of Bioethics, Social History of Medicine, Medical Anthropology Quarterly, Journal of African American History, Journal of Black Psychology, Health: An Interdisciplinary Journal for the Social Study of Health, Illness and Medicine, и The Sixties: A Journal of History, Politics and Culture.
Поврзано
Политичка злоупотреба на психијатријата во Соединетите Држави Драпетоманија Политичка злоупотреба на психијатријата Бавна шизофренија Список на случаи на медицинска етика
Наводи
Надворешни врски
Презентација од Мецл за Протестна психоза, 13 јануари 2010 година, C-SPAN Интервју со Мецл за книгата од Кристофер Џ. Лејн на „Psychology Today“ Интервју со Мецл на радио WNYC, 12 февруари 2010 година Како црнецот стана шизофреничар - блог пост за книгата од Карен Френклин на Psychology Today Шизофренијата како политичко оружје. Болеста се претвори од бенигна болест во насилна болест во 1960-тите, исто како што црните мажи се придружија на протестите против расизмот. статија и интервју со Мецл во „The Root“ од Фелиша Прајд Протестна психоза – Есеј од Мецл од 9 јуни 2010 година, во Michigan Today, во кој се сумирани идеите на книгата. Аудио интервју со Мецл на тема „Нови книги во афроамериканските студии“ (44 минути) Мецл дискутира за својата книга во емисијата „Сè во умот“ на ABC Radio National (30 минути)
Категорија:Книги за шизофренија Категорија:Документарни книги на англиски јазик Категорија:Јонија (Мигичен) Категорија:Историја на Мичиген Категорија:Книги на Beacon Press Категорија:Историја на граѓанските права во Соединетите Држави Категорија:Историја на психијатријата Категорија:Општествени проблеми во медицината Категорија:Политички злоупотреби на психијатријата Категорија:Историски книги за медицината во Соединетите Држави Категорија:Книги за црнците во Соединетите Држави Категорија:Книги за историјата на Соединетите Држави Категорија:Документарни книги од 2010 година