Законот за воени злосторства од 1996 година претставува федерален статут на Соединетите Американски Држави кој го дефинира военото злосторство како „тешко кршење на Женевските конвенции“, посебно наведувајќи дека „тешко кршење“ треба да го има значењето дефинирано во која било конвенција (поврзана со законите на војување) на која биле дел Соединетите Американски Држави.

Дефиницијата за „тешко кршење“ во некои од Женевските конвенции има текст што проширувал дополнителна заштита, но сите конвенции го делеле следниов: „...извршено против лица или имот заштитен со Конвенцијата: намерно убивање, мачење или нечовечко постапување, вклучувајќи биолошки експерименти, намерно предизвикување големо страдање или сериозна повреда на телото или здравјето."

Законот се применувал ако жртвата или сторителот бил државјанин на Соединетите Американски Држави или член на вооружените сили на САД, а казната била или доживотен затвор или смрт, додека смртната казна се применувала само ако однесувањето резултирало со смрт на една или повеќе жртви.

Законот бил усвоен со огромно мнозинство од страна на Конгресот на Соединетите Американски Држави и потпишан од претседателот Бил Клинтон.

Историја на законодавството Законот ги криминализирал прекршувањата на Женевските конвенции со цел да можат Соединетите Американски Држави да ги гонат воените злосторници, поточно северновиетнамските војници кои затворале и мачеле американски воен персонал за време на Виетнамската војна.

Министерството за одбрана „целосно ги поддржувало целите на законот“, препорачувајќи да се прошири за да вклучи подолг список на воени злосторства, а бидејќи Соединетите Американски Држави генерално ги „почитувале“ Конвенциите, војската препорачала прекршувања и од страна на американскиот воен персонал да се спроведат како воени злосторства „бидејќи со тоа се поставува висок стандард што другите треба да го следат“.

Законот бил усвоен со едногласна согласност во Сенатот и со гласање во Претставничкиот дом, покажувајќи дека во тоа време бил целосно неконтроверзен.

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави,10 години подоцна пресудил во случајот Хамдан против Рамсфелд, дека Заедничкиот член 3 од Женевските конвенции се применувал во војната против тероризмот, со неискажана импликација дека секоја техника на испрашување што го кршела Заедничкиот Член 3 претставувaла воени злосторства.

Можноста американските службеници и воениот персонал да бидат гонети за воени злосторства за сторување на „навреди врз личното достоинство, особено понижувачки и деградирачки третман“ забранети со Конвенциите доведе до низа предлози за легализирање на таквите дејствија во одредени околности, што резултираlo со Законот за воени комисии од 2006 година.

Потенцијална примена Службениците на Белата куќа биле загрижени дека тие и други американски службеници би можеле да бидат гонети според Законот за воени злосторства од 1996 година за третманот на САД кон притворените лица по нападите на 11 септември за кршење на Женевските конвенции.

Во меморандум од јануари 2002 година до претседателот, тогашниот советник на Белата куќа, Алберто Гонзалес, напишал меморандум во кој се истражувало дали Заедничкиот Член 3 од Женевските конвенции се однесувал на борците на Ал Каеда и Талибанците заробени за време на војната во Авганистан и држени во притворни центри низ целиот свет, вклучувајќи го и кампот X-Ray во заливот Гвантанамо, Куба, а меморандумот изнел и неколку аргументи и за и против обезбедувањето заштита од Заедничкиот Член 3 на борците на Ал Каеда и Талибанците.

Тој заклучил дека Заедничкиот Член 3 бил застарен и несоодветен за справување со заробените борци на Ал Каеда и Талибанците и ги опишал како „чудни“ одредбите што барале да им се обезбедат на заробените борци на Ал Каеда и Талибанците „привилегии за комесари, торба, спортски униформи и научни инструменти“.

Тој, исто така, тврдел дека постојните воени прописи и упатства од претседателот се повеќе од соодветни за да се обезбеди примена на принципите на Женевските конвенции.

Тој, исто така, тврдел дека недефинираниот јазик во Женевските конвенции, како што се „навреди врз личното достоинство“ и „нечовечки третман“, би можел да ги направи службениците и воените лидери предмет на Законот за воени злосторства од 1996 година доколку се открие малтретирање.

Со донесувањето на Законот за воени комисии од 2006 година, тешките злоупотреби на Заедничкиот Член 3 вклучувале само тортура, сурово или нехумано постапување, убиство, осакатување (mutilation) или осакатување (maiming) , намерно предизвикување сериозни телесни повреди, силување, сексуален напад или злоупотреба и земање заложници, со што се ограничувал опсегот на оригиналниот закон.

На 6 декември 2023 година, Министерството за правда ги обелоденило првите обвиненија според овој закон на прес-конференција од страна на државниот обвинител Мерик Гарланд со обвиненијата против 4 руски војници кои се засновале на случај како резултат на Руско-украинската војна, во кој американски државјанин кој живеел во Украина бил приведен од руски војници во период од 10 дена во април 2022 година, за време на кој наводно бил мачен, но сепак, американската влада немала средства да ги уапси обвинетите.

Поврзано

Мачење и злоупотреба на затвореници во Абу Граиб Командна одговорност Човекови права во Соединетите Американски Држави Меѓународниот кривичен суд и инвазијата на Ирак во 2003 година Нирнбершки процес Обвинителството на Џорџ В. Буш за убиство Соединетите Американски Држави и Меѓународниот кривичен суд Досиеја на Работната група за воени злосторства во Виетнам Воени злосторства извршени од Соединетите Американски Држави

Наводи

Надворешни врски

Федерален закон 18 USC чл. 2441 познат како „Закон за воени злосторства“ Американски законик, Дел I, Наслов 18, Поглавје 118, член 2441 Човековите права на прво место; Не оставајте траги: Подобрени техники на испрашување и ризик од криминалитет , август 2007 година Категорија:Воени злосторства Категорија:Меѓународно право на вооружените конфликти Категорија:Национални закони инкорпорирани во Женевските Конвенции Категорија:Закони против тортура