Молитвено поклонение за слобода, или Молитвено поклонение во Вашингтон, ― демонстрација од 1957 година, во Вашингтон, ран настан во Движењето за граѓански права од 1950-тите и 1960-тите. Тоа било повод за говорот т.н. „Дајте ни го гласачкото ливче“ на Мартин Лутер Кинг.
Позадина Демонстрациите биле планирани за да биде одбележана третата годишнина од случајот „Браун против Одборот за образование“ (1954), значајна одлука на Врховниот суд со која сегрегацијата во јавните училишта станала неуставна. Организаторите на настанот ја повикале владата да ја спроведе таа одлука, бидејќи постапката на десегрегација била попречувана во поголемиот дел од јужните Соединети Држави на месно и државно ниво.
Маршот бил организиран од Аса Филип Рендолф, Бајард Растин, и Ела Бејкер. Бил поддржан од Националното здружение за унапредување на обоените луѓе (НЗУОЛ/NAACP) и неодамна основаната Конференција за јужнохристијанско водство. Конгресменот Адам Клејтон Пауел помладиот (демократ од Њујорк) ги замолил организаторите да избегнат засрамување на администрацијата на републиканецот Двајт Д. Ајзенхауер, а тие го организирале настанот како молитвена комеморација. Повик за демонстрациите бил издаден на 5 април 1957 година од Рандолф, Мартин Лутер Кинг помладиот и Рој Вилкинс. Според Кинг, Валтер Ројтер, претседател на Обединетите автомобилски работници, испратил писма до сите негови месни синдикати, барајќи од членовите да присуствуваат на маршот и да обезбедат финансиска поддршка.
Демонстрација thumbtime=5|мини| Време за слобода (1957), документарец со снимки од демонстрациите и говорите на Молитвеното поклонение за слобода. Тричасовната демонстрација била одржана пред Споменикот на Линколн нa Националната алеја. Махалија Џексон и Хари Белафонте учествувале на настанот. Пол Робесон и неговата сопруга Есланда присуствувале, но биле во голема мера игнорирани. Меѓу говорниците биле Вилкинс, Мордекај Џонсон и Кинг. Кинг бил последниот говорник и тоа било првпат да се обрати на национална публика.CBS: May 17, 1957 Тој го идентификувал враќањето и спроведувањето на правото на глас за црнците како важен дел од борбата за граѓански права. Околу 25.000 демонстранти присуствувале на настанот за да се помолат и да го искажат своето мислење. Во тоа време, настанот бил најголемата демонстрација некогаш организирана за граѓански права.
„Дајте ни го гласачкото ливче“
Говорот на Кинг е наведен како „Дајте ни го гласачкото ливче“, бидејќи тој го повторил ова барање како литанија, проследено со список на промени што би резултирале со враќање на црнците во правото на глас:
Тоа е еден од главните говори на Кинг.
Резултати Со овој говор, Кинг се поставил како „водач број 1 на 16 милиони црнци“, според Џејмс Л. Хикс од „Amsterdam News“. Неговиот повик за гласање на крајот помогнал да бидат вдахнати настани како што се Движењето за право на глас во Селма, неговото поврзано со маршот во Селма со Монтгомери и Законот за право на глас од 1965 година. Организаторите стекнале искуство, а маршот ги поставил темелите за дополнителни, поголеми демонстрации на Движењето за граѓански права во Вашингтон.
Поврзано
Проповеди и говори на Мартин Лутер Кинг
Наводи
Надворешни врски
Молитвено поклонение за слобода, Вашингтон, Дигитална библиотека за граѓански права. Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Статии кои содржат видео клипови Категорија:Протести во 1957 година Категорија:Говори на Мартин Лутер Кинг Категорија:Протестни маршеви во Вашингтон Категорија:Движења со ненасилен отпор Категорија:Движења за граѓански права Категорија:Историја на гласачките права во Соединетите Држави Категорија:Историја на граѓанските права на црнците во Соединетите Држави Категорија:Соединетите Држави во мај 1957 година Категорија:Вашингтон (град) во 1957 година