Зрнеш () — род растенија од семејството на шалитранките (Nitrariaceae). Порано бил сместен во семејството на парнолисните (Zygophyllaceae).

Членовите на овој род се повеќегодишни тревести растенија. Листовите се спирално распоредени, приседнати, насечени на линејно-копјести делови. Цветовите се поединечни. Чашката има пет ливчиња кои трајно остануваат на плодот. Имаат по пет венечни ливчиња, кои се слободни. Имаат 12-15 прашници, проширени во основата. Стоплчето е усукано, а плодникот има три плодни листови. Плодот е кутијка со окца.

Во Македонија е застапен само обичниот зрнеш (Peganum harmala), што е впрочем случај со цела Европа.

Видови Родот има околу пет видови кои виреат во топли умерени до суптропски краишта во светот:

Peganum harmala L. (обичен зрнеш) — од Средоземјето до Кина Peganum mexicanum Gray — Мексико Peganum multisectum (Maxim.) Bobrov — Кина, Монголија Peganum nigellastrum Bunge (црнушковиден зрнеш) — Кина Peganum texanum M.E.Jones — јужна Северна Америка

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Шалитранки