Извршна наредба бр. 10479 (18 FR 4899) ― директива од претседателот Двајт Ајзенхауер со која бил создаден Комитетот за владини договори.Издадена на 13 август 1953 година, наредбата имала за цел да обезбеди усогласеност и успешно спроведување на програмата за еднакви можности за вработување. Затоа, Владата на Соединетите Држави донела закони за да гарантира еднакви можности за вработување за сите вработени, така што тие ќе добијат праведен и рамноправен третман. Наредбата наложува дека сите квалификувани кандидати кои бараат вработување преку владини договори или поддоговори нема да бидат дискриминирани поради нивната раса, вероисповед, боја на кожа или национално потекло.Executive Order 10479 of August 13, 1953, Establishing the Government Contract Committee, Code of Federal Regulations, title 3(1953). Print.

Имало обид да бидат искористени општите административни стратегии на поранешните републикански претседатели додека биле на функција. Според Маранто, републиканските политичари долго време биле познати како небирократски. Затоа, во обид да се борат против овој наратив, претседателот Ајзенхауер и наследниците на претседателите Никсон и Реган, ги спроведувале административните одлуки стратешки.

Дополнителни истражувања за економските политики и платформи на поранешниот претседател на Соединетите Држави, Двајт Ајзенхауер, ги подробниле економските политики за кои се залагал Ајзенхауер, зошто сметал дека се неопходни и колку биле успешни. Во историска анализа, Тербер ја доведува во прашање ефикасноста на извршната наредба и нејзината способност да се бори против дискриминацијата во врска со работата по договор со владата поради нејзиниот неуспех да ги реши системските проблеми со неправда и дискриминација.

Во 1961 година, претседателот Џон Ф. Кенеди ја заменил наредбата со Извршната наредба 10925.Executive Order 10925 of March 6, 1961, Establishing the President’s Committee on Equal Employment, Code of Federal Regulations, title 3 (1961). Print

Надворешни врски

Извршна наредба 10479 од мрежната страница на Националната администрацијата за архиви и записи на Соединетите Држави.

Наводи

Категорија:Историја на граѓанските права во Соединетите Американски Држави Категорија:Соединетите Држави во август 1953 година Категорија:Историја на афирмативната акција во Соединетите Држави Категорија:Извршни наредби на Двајт Ајзенхауер Категорија:Политика на Соединетите Држави во 1953 година Категорија:Правото во Соединетите Држави во 1953 година