Катерина Шлајмер-Кил, родена Кил (1884–1973) — луксембуршка суфражистка и активистка за женски права. Таа била основач и секретарка на Акција феминин.
Живот Таа била ќерка на челичар во Еш на Алзет. Се школувала да стане наставничка во Лереринен-Нормалшуле во Луксембург. Во 1905 година, таа се омажила за својот колега Жан Шлајмер. Уште рано се вклучила во католичката партија: кога правото на глас на жените било воведено во 1919 година, таа станала единствената жена кандидат на католчичката партијата.
Во 1924 година, таа ја основала организацијата за права на жените „Акција феминин“, која станала дел од Меѓународниот совет на жени во 1926 година, а од 1927 година издавала и свој весник со истото име, првиот во Луксембург. Целта на организацијата била да ги подобри правата на жените во граѓанскиот законик: иако правото на глас на жените било воведено во 1919 година, мажените жени сè уште биле малолетни потчинети на своите сопрузи. Организацијата станала успешна, со локални ограноци низ целиот Луксембург.
На општинските избори во 1928 година, „Акција феминин“ презентирала список на сите жени кандидатки, а Шлајмер-Кил била избрана во општинскиот совет на Еш на Алзет за партијата, каде што работела до 1934 година.
Наводи
Категорија:Починати во 1973 година Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Историја на човековите права